Епископот Стојанов го посети Каритас Босна и Херцеговина

Епископот Стојанов го посети Каритас Босна и Херцеговина

Со директорот монс. Томо Кнежевиќ на средбата присуствуваа и вработените во Каритас БиХ.

Во петок претпладне, на 24 февруари 2017 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов во придружба на катедралниот парох дон Давор Топиќ го посети Каритас Босна и Херцеговина.

Бискупот монс. Стојанов се наоѓа во повеќедневна посета на Босна и Херцеговина, при што ќе посети голем број на црковни институции на сите нивоа.

По зборовите за добредојде и поздравот од домаќинот, епископот монс. Стојанов на вработените во Каритас БиХ им го претстави Македонски Каритас, посебно неговото делување во конкретното време и опкружување, осврнувајќи се посебно на местото и улогата на Македонски Каритас во текот на бегалската криза, на т.н. Балканска рута. Тој им се заблагодари на вработените на Каритас БиХ за нивниот придонес во решавањето на поединечни прашања за Македонскиот Каритас. Во разговорот имаше прашања и одговори поврзани со Каритас и црковниот живот во Македонија. Директорот на Каритас БиХ му се заблагодари на епископт Стојанов за неговата посета и вети поддршка во границите на можностите на Каритас БиХ, а на молба на Македонскиот Каритас.

После кафето за добредојде и радоста, директорот монс. Кнежевиќ на епископот Стојанов му предаде подарок од Каритас БиХ, реплика на босански средновековни монети кои се нарекуваат „динар“, а поттекнуваат од времето на бан Стјепан II Котромановиќ (1314 – 1353). Епископот монс. Стојанов на Каритас БиХ му ја подари монографијата  „Денови на света Мајка Тереза“ која овие денови излезе од печат, а која зборува за големата и на сите мила светица од Скопје, која го живеела каритас во Индија, а преку своите сестри ги преминала сите земски граници и целиот свет.

После тоа во канцеларијата на директорот на Каритас накратко се разговараше за поддршката и идната соработка посебно кога е во прашање Литургијата и разните литургиски прашања, понатамошното градење на Каритас на сите нивоа, но и богатото искуство на директорот кога е во прашање пасторалната грижа за вернициte католици во Македонија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот