Економскиот форум во Давос можност за целосен човечки развој

Економскиот форум во Давос можност за целосен човечки развој

Потребно е да се чува достоинството  на човечката личност, посебно нудејќи им на луѓето вистински можности за целокупен човечки развој и спороведувајќи економски политики, кои ги помагаат семејствата, порача папата Фрањо во пораката до светските лидери, кој оваа седмица ќе се сретнат на Економскиот фоум во Давос. Пораката упатена до претседателот Клаус Шваб, ја прочита кардинал Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој. Соочени со ширењето на општествено-економските разлики, со зголемувањето на разни облици на сиромаштво и новите облици на ропство, Папата бара економските модели да бидат следени со етика за „одржлив и целосен развој“, кој во центар ја става човечката личност и неговите права.

За да се даде нов правец за судбината на нашиот свет, Светиот Отец предупреди на вештачката интелегенција, роботиката и технолошката иновација, кои мора да бидат во служба на човештвото и заштитата на заедничкиот дом, а не спротивно, како што за жал предвидуваат некои проценки. Не смее да се молчи пред страдањето на милионите луѓе – апелира папата Фрањо и додаде: Потребна ни е одговорност која ги вклучува сите, односно „создавање нови услови“, секоја личност да живее на достоинствен начин.

Деловниот свет има големи можности за остварување на важни промени, отфрлајќи ја културата „употреби и фрли“ – рече Папата – и наместо тоа да го зголеми квалитетот на продуктивноста, создавајќи нови работни места, почитувајќи ги законите кои ги уредуваат, борејќи се против корупцијата и промовирајќи социјална правда со праведна распределба на заработката

Време е за преземање храбри чекори за нашата сакана планета, бидејќи донесените одлуки ќе бидат одлучувачки за утрешниот свет – напомена на крајот Светиот Отец и заврши: Вистинските вредности мора да бидат патоказ за сигурна иднина, кои ќе поттикнат благосостојба на сите, а Форумот во Давос треба да ја следи желбата за унапредување на општото добро.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот