Економија според Апостолското писмо Радоста на Евангелието (Evangelii Gaudium)

Папскиот совет за правда и мир во соработка со Државниот секретаријат организира меѓународен дводневен семинар за предлогот на папата Фрањо во Апостолското Писмо „Evangelii Gaudium“, за сѐ поинклузивна економија, кој започна на 11 јули во Ватикан. На семинарот кој се одржа зад затворени врати учествуваа 70 луѓе, претставници на меѓународни институции, универзитети, големи компани и граѓанското општество.

Осврнувајќи се во разговор за Радио Ватикан на замислата за организирање на таков семинар, епископот Марио Тосо, секретар на Папскиот совет за правда и мир, пред сѐ истакна дека спомнатото писмо на папата Фрањо дава навистина поттикнувачки погледи кои треба подобро да се проучат и да се претворат во економско планирање, бидејќи имаше и погрешни толкувања кои што Папата го обвинуваа за марксизам. Треба да се објасни дека предлогот „економија која се повеќе е инклузивна“, која повеќе вклучува, не значи откажување од пазарната економија, туку повеќе вреднување на нејзините позитивни аспекти.

Важно е да се објасни – додаде епископот – дека економијата која убива, а на која што мислеше папата Фрањо – бидејќи за жал многу претприемачи и отпуштени работници извршиле самоубијство – не е целосна економија, туку таква која ги обожава парите, која што работата ја смета за некој променлив факт зависно од финансискиот и монетарниот механизам.

Зборувајќи потоа за своето воведно излагање на семинарот, епископот Тосо истакна три точки. Првата го опфаќа фактот дека глобализацијата иницирала постапка за стекнување на просечна плата во сиромашните земји според богатите, но истовремено ја зголемила нееднаквоста во разни делови на светската популација. Тие две појави се резултат на иста револуција односно пазарот кој се глобализира ставајќи ги во силна конкуренција работниците со мала заработка и оние со голема заработка од земјите со високи приходи.

Втората точка – рече епископот – е тоа дека живееме во долга, но ветувачка транзиција, која се надеваме дека од „стариот свет“ поделен со националните граници ќе нѐ доведе до „новиот свет“, населен со едно единствено човечко семејство. Третата точка е економскиот проблем со кој економистите традиционално се занимаваат, а кој е само една од димензиите на денешниот проблем. Имено, треба да се загарантира дека воспоставувањето на економските вредности ќе биде на одржливо нивото на заштита на животната средина. Освен економската димензија постои и димензијата на животната средина – рече епископот Тосо.

Осврнувајќи се потоа на разновидноста на учесниците на семинарот, епископот напомена дека тоа покажува голем интерес за социјалното учење на папата Фрањо; интерес кој меѓу останатото, поттикнат од големите проблеми кои бараат широко гледање, но и програмираност, освен на економско истотака и на политичко ниво. Знаеме дека до денешната криза е дојдено и поради фактот што финансиите ја надвладеале политиката затоа таа тешко дава насоки и даночните финансиски политики кои би можеле да ги доведат финансиите во служба на општото добро – рече епископот.

На новинарска забелешка дека гласот на Папата сѐ повеќе се слуша што покажува и тој семинар, епископот Тосо истакна дека папата Фрањо ги следи потребите на луѓето, народот, човечкото семејство и тоа што се однесува на економските пршања а и оние кои се однесуваат на мирот, одржливоста на развојот… Сите тие проблеми меѓусебно се поврзани и меѓусебно зависни. Затоа треба да се биде способен за општо гледање на сите проблеми, факти, потреби и во таа смисла да се понудат нови планови и да се подготват нови луѓе кои ќе бидат одлучни да ја живеат својата важна улога во економијата, општеството и политиката со голема одговорност кон општото добро и социјалната правда – истакна на крајот епископот Тосо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот