Единаесета постојка
Исус го приковаа на крстот
Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме! Бидејќи со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме на Исуса. Повеќе телото не му е слободно. Рацете и нозете му ги приковуваа на крстот. Но, неговата душа остана слободна. На крстот е приковано нешто, а не некој. Сите кои гледаат на човекот како појава, па и на Исус, мислеле дека кога ќе му ги приковаат рацете и нозете, дека ќе го уништат. Но, тој стрпливо ја поднесе таа болка и од крстот ни препорачува дека сето тоа е привремено. Во сѐ сакаше да ни биде еднаков, па и во таа болка на прикованост и немоќ. Така неговиот крст стана болничка постела. Од таа постела ни говори за некоја друга слобода која се раѓа кога телото се предава.
Ни останува вечната тајна од каде болката и зошто болка? На оваа прашање никој не одговорил теоретски, па ниту разумно. Исус ни одговори со својот пример. Христијанинот, како и секој човек чувствува тегоба пред секоја болка. Можеме ли да замислиме во тој час саканата личност во својата куќа, во својата близина да е прикована на смртната постела. Како се чувствуваме? И во нас се појавува прашањето „Зошто?„ и „Зошто токму така?“. Одговор нема. Останува само да биде изреволтиран или да прифати. Револтот никаде не води. Прифаќањето нѐ доведува до највисокиот животен испит: Да ја докажеме на дело љубовта. Лесно е да се теши со зборови. Но да му се помогне на болниот не е лесно. Голем е Божјиот дар кога ни ги отвора очите на верата и срцето на љубовта да можеме да го препознаеме Исус во болниот во нашата куќа, кого болеста го распнала. Марија многу не можела да му помогне. Ниту пак пријателите кои беа околу него. Но нивната присутност за него беше најголема утеха на љубов. Ударите од чеканот станале полесни. Неверојатната вистина дека во животот ништо толку не нѐ зближува, како заедничката болка. Во поновото време, се појавува опасност болниот да се исклучи од живот на семејството и со тоа семејството многу се осакатува со едно ново искуство во животот, а тоа е: Дипломирање на љубовта на дело. Исус вели: Што ќе направите на еден од моите најмали браќа, тоа мене сте ми го направиле. Свети Иван од Крстот тврди: Навечер од своjот живот ќе бидете судени по љубовта. И така…..
Да се помолиме
Боже, кој од горката смрт не го поштеди својот Син, туку ни го предаде на нас. Дај ни чуствително срце да му помогнеме на болниот, да почувствуваме дека преку љубовта му служиме на самиот Исус. Преку истиот Христос, нашиот Господ. Амин
Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..
Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.