Егото го спречува Божјиот план за нас

Егото го спречува Божјиот план за нас

Дали вие сте свесни за тоа или не, Бог има посебен план за вашиот живот – кој сака да го спознаете и да го следите. Меѓутоа егото може да ве спречи тоа да не го направете. Ако некогаш сте забележале дека избегнувате да донесете одлука во животот, тоа значи дека вашето его го преземало кормилото. Има многу дефиниции за егото, а сите се многу сложени и сите велат дека егото е дел од нас кое сака да се чувствува посебно, кое бара признание, кое се чувствува запоставено на некој начин.

Иако многумина сметаат, кога некој има големо его, дека тоа значи дека е арогантен или самоуверен, честопати тоа не е поврзано со себељубието. Ако се чувствувате подобро од другите, тогаш секако треба тоа да го препишете на егото, но егото може да предизвика да се чувствуваме помалку вредни. Може многу да бара и не е лесно да се победи или контролира. Ако не внимаваме, ќе избувне на површина во момент кога најмалку се надеваме и ќе започнеме да правиме работи кои се далеку од Божјиот план за нас а притоа да не забележиме. А тогаш тоа ниту малку не е добро за нас, туку ни прави штета. Еве пет начини на кои нашето его може да го попречи Божјиот план.

  1. Спроведување на својот план наместо Божјиот

Многу од нас се трудат да препознаат каков би требало да им биде животот, но не според Божјата волја, туку според сопствената. Дури и ако немаме конкретен план, во својата глава го планираме својот живот. Сите тоа го правиме. Си ја замислуваме својата иднина. Планирањето не мора да биде лошо само по себе. Без планови малку од вредното може да се постигне. Но факт дека честопати Божјиот план не е ист со нашиот сопствен животен план. Всушност, многу пати Бог ги спречува нашите планови, и тоа во целост. Најсилниот знак дека вашето его го спречува остварувањето на Божјиот план е кога чувствувате дека мора сè да ви биде јасно пред да го превземете следниот потег. Кога тоа го правите, тогаш го спроведувате својот, а не Божјиот план.

  1. Омраза на промени

Кога егото би морало да состави скала на своите најголеми стравови, промената би се нашла на самиот врв. Кога нашето его го превземал надзорот, тогаш најмногу го сакате комфорот и status quo. Затоа Исус во својата проповед рекол: „Покајте се“ (Мк 1, 15), што пред сè значи „променете го своето размислување“. Егото ја мрази таа порака. Но не е лесно да се објасни Исусовата желба да нè промени. Повеќето егоцентрични луѓе сакаат промена на своите сопружници, на децата, родителите, пријателите или на животните околности. Сѐ додека егото може да најде некој друг за да го промени, тоа е незапирливо. Вистина е дека мораме многу работи да ги правиме иако ни се непријатни. Понекогаш Божјиот план за нашиот живот нема да биде ниту малку лесен. Но ако одбиеме да го правиме тоа што Бог од нас го бара само затоа што ни е тоа непријатно, тогаш позади ова стои нашето его.

  1. Не признавање на гревот на срцето

Спротивно од Божјата волја за нашиот живот, егото ги намалува гревовите на срцето и се насочува единствено на гревови на телото. Со оглед на тоа дека нашето его ги обликува надворешни работи (признание, мислење, работа, образование), тоа ги избегнува само надворешните гревови, оние кои можат лесно да се видат. Така за него се сите сексуални гревови (односот пред брак, гледањето порнографија, проституција), одење во Црква и исправна теологија за мерилата на вистинскиот христијанин. Меѓутоа Исус вели дека сите надворешни гревови се само сенка на она што се случува внатре во човековото битие и вистината се сокрива под површината. Во срцето се крие лакомоста, зависта, горделивоста, омразата и суетата, а тие нè оддалечуваат од Божјиот план за нас. За жал, таквите гревови најчесто не ги препознаваме и ги занемаруваме.

  1. Често зборување во ЈАС и НИЕ облик

Еден од најдобрите начини да дозволиме егото да ни го затскрие Бог е употребувањето на јас и ние изјавите. Егото има потреба да се чувствува посебно и не е склоно да дава пофалби на другите и да им ги признава заслугите, вклучувајќи го и Бога. Тоа со задоволство ги фали нашите лични достигнувања над Божјото делување. Нашето его, нашето тело, нашата лична потреба да се чувствуваме посебни и поразлични. Тоа бара рефлектори и манипулира со луѓето, дури и со Бог, само за да привлече внимание. Егото вели: „Гледај што направив. Види што постигнав.“ Егото може лесно да го занемари Божјиот глас во нас. Би ни било многу подобро кога своите мисли би ги насочувале кон Бог и би се користиле со обликот ти на почетокот на своите мисли.

  1. Задоволување на луѓето

Дали им угодувате на луѓето? Мислите ли дека мора постојано на сите да им угодувате за да ве сакаат или да се задоволни од вас? Тоа е погрешна мотивација. Нема ништо лошо во тоа да им помогнете на другите, но ако имате потреба само да го импресионирате некому и да трошите единствено за тоа енергија за да го направите среќен, тоа не е добро. Не треба на никого да му се угодува освен на Бог. Кога им помагате на луѓето со вистински мотиви, тогаш им помагате без разлика дали тие тоа го ценат или не. Задоволувањето на луѓето значи да се прават работите кои тие од нас ги бараат и да им се помага значи да се прави тоа што им е потребно. Ако секогаш го правите тоа што било кој сака, тогаш тоа го правите поради своето его.

Егото ја става својата волја над Божјата и нашиот план над Божјиот план. Исус нè учи дека најважните заповеди се да го сакаме Бог со сето наше срце, душа и разум и да го љубиме ближниот како самите себе си. (Матеј 22, 37. 39). Ако се држиме до овие две заповеди, тогаш не сме насочени само кон себе, туку на она што треба да бидеме – на Бог и на помагањето на другите. Во христијанскиот живот, ослободени од егото, „мојата волја“ станува „твоја волја“. Верувајте во Божјата волја за својот живот!

Бук/к.мк

Категорија: Вера, Семејство
Ознаки Божји план, его

За авторот