Евхаристијата – центар и цел на семејното заедништво
Во циклусот на размислувањата во Годината на семејството Н. П. Монс. д-р Киро Стојанов за оваа Велигденско време до Духови го испрати своето размислување за света тајна Евхаристија до духовенството и верниците на Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Р. Македонија
Драги браќа свештеници, браќа и сестри во Христа!
Во нашиот Пасторален план продолжуваме со одот во Годината на семејството. Прославувајќи го времето до Велигден и влегувајќи во Велигденското таинство, во оваа воскресно време, сакаме да размислуваме за таинството на Христовата присутност и Воскреснатиот кој остана присутен меѓу нас под видот на леб и вино во Пресветата Евхаристија. Светата тајна на љубовта, Пресветата Евхаристија, е дар во кој Исус Христос ни се дарува самиот себе, објавувајќи ни бескрајна Божја љубов кон секој од нас, кон секој човек. Во таа чудесна тајна се отсликува „најголемата љубов“ која нѐ поттикнува да го положиме својот живот за своите пријатели (Ив 15,13). Навистина, Исус своите до крај ги љубеше. Евангелистот со оваа го истакнува гестот на неизмерната скромност што ја направи Исус: „пред да умре за нас на крстот, Тој се опашува со убрусот и ги мие нозете на своите ученици“. На сличен начин, во светата тајна Евхаристија Исус продолжува да нѐ љуби „до крај“, сè до дарот на своето тело и својата крв. Како ли само запрепастени мораше да бидат апостолите во своите срца пред зборовите и гестовите Господови за време на таа вечера! Каков ли восхит во нашите срца мора да пробуди таинството на Евхаристијата! Во Пресветата Евхаристија Исус доаѓа во пресрет на човекот, создаден на Божја слика и на сличниот стануваме сопатник. Навистина, Господ Исус Христос во таа света Тајна стана храна на човекот гладен за вистина и слобода. Јасно, единствено вистината може да нѐ направи слободни. Христос за нас стана храна на Вистината. Затоа Господ Исус Христос: Пат, Вистина и Живот, се обраќа до човечкото срце кое копнее и се чувствува поклоник и жедно срце кое чезне за изворот на живата вода, срце – просјак на вистината. Исус Христос е Вистина, стана тело, кое го привлекува светот кај себе. Во Пресветата Евхаристија Исус особено ни ја покажува Вистината на љубовта, а тоа е сама Божја бит. Токму таа Евангелска вистина го занима секој човек и целиот човек. Заради тоа Црквата, која во Евхаристијата наоѓа свој животен центар трајно се зазема како би на сите, дали тоа било згодно или незгодно, навестила дека Бог е љубов. А, бидејќи, Христос заради нас стана храна на Вистината, Црквата се обраќа до човекот земајќи го слободно да го прегрне Божјиот дар (спор. Бенедикт XVI, Тајна на љубовта бр. 1и 2).
Драги браќа и сестри, Евхаристијата на која нѐ повикува самиот Исус е најголемиот дар кој што Бог може да го даде на човекот. Зошто? Затоа што се дава самиот себе. Преко тоа таинство ние влегуваме во неговата присутност, а Тој нашата слаба и кревка човечка природа ја претвора во своја. Во тој миг на средбаta до таа мера сме слични на Бога што сме дури и Богоносци. Како што Евхаристијата под видот на леб и вино на сокриен начин на верниците се објавува во самодарување на верата и благодатта, така верникот кој се причестува очигледно на светот е како воплотена вера и присутна благодат. Евхаристијата има и заеднички карактер, бидејќи нѐ прави носители на Божјиот свет таму каде живееме. Евхаристијата е наше животно послание. Евхаристиската духовност е видлива бидејќи е толку Божествена. И уште нешто: Евхаристијата нѐ поврзува во заедништво со Бога, но и меѓусебно. Да се сетиме на Исусовите напомени: „има ли твојот брат нешто против тебе остави го твојот дар иди и помири се со братот, а тогаш дојди и прикажи го дарот“. Евхаристијата е темел на нашето христијанско братство кое е и есхатолошко, зашто тоа единство што Евхаристијата ни го дава во потполно се исполнува во верскиот живот. Нека ви е, драги браќа и сестри, благословено оваа велигденско време со дарот на Евхаристијата. Моли за вас и се препорачува во вашите молитви
ваш Бискуп/Владика
+ Киро Стојанов