Европа се буди

Париз, 26.5.2013 /к.мк/ – Стотици илјади противници на истополови бракови, кои неодамна се легализираа во Франција, се собраа во недела 26 мај на протестен марш низ Париз, а во знак на поддршка организирана е слична поворка низ улиците на Варшава. Основната порака е “Не се откажуваме од борбата за заштита на семејството кое е загрозено со легализацијата на истополовите бракови со можност за посвојување деца.”

Протестите се одржуваат на датумот кога во Франција се одбележува Денот на мајките. La Croix јавува дека според проценките на организаторите во Париз се собрале околу милион луѓе, а според проценките на полицијата околу 150 .000. Во секој случај поворката ја обезбедуваа повеќе од 4.500 полицајци и специјалци, што зборува за тоа колку се нереални бројките на некои медиуми кои известуваат за само неколку десетина илјади протестанти. Инаку, француските власти последните денови се обидуваа да ги одвратат луѓето од протестите најавувајќи можни нереди во режија на екстремната десница и препорачуваа родителите да не носат деца на протестот. Сепак, многумина во поворката се појавија со деца.

Десетици илјади полјаци исто така излегоа на улиците на Варшава во знак на поддршка на француските протестанти. „Денес сме солидарни со Французите во нивната борба за традиционалните семејни вредности” рече еден од организаторите на маршот, јавуваат агенциите.

„Тоа не е само проблем на Франција. Тоа е проблем на цела Европа која работи на слабеење на вистинското семејство” – порачаа протестантите од Варшава. (Б.У)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<