Духот ни дава милост за да ги разбереме знаците на времето

Христијанската мисла е Божја и затоа одбива слаба и едноумна мисла – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 29 ноември во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека христијанинот не може да размислува само со глава, ако сака да ги разбере знаците на времето, туку и со срцето и духот кои ги има во себе.

Господ ги поучува своите ученици да ги сфатат знаците на времето, кои фарисеите не успеват да ги сфатат. Коментирајќи го делот од Евангелието, Папата говореше за христијанските мисли. Кој го следи Исус – рече – не размислува само со глава, туку и со срцето и со духот кои ги има во себе. Поинаку не може да се сфати „Божјото чекорење низ историјата“. На учениците на патот кон Емаус, Исус им вели: „О безумни и тврди по срце“. Таков е човекот кој не ги сфаќа Божјите работи. Господ сака да навлеземе во настаните: во срцето, во животот, во светот, во историјата… Што значи сегашни случувања? Тоа се знаци на времето! Световниот дух ни предглага нешто друго, бидејќи не сака народ туку „маса“ без мисли, без слобода – објасни папата Фрањо.

Световниот дух сака да одиме по патот на едноумието, а како што опоменува свети Павле: „световниот дух со нас постапува како не да сме во состојба сами да размислуваме; како да не сме слободни. Еднолично, и со исто значење и слабо мислење е многу раширено. Световниот дух не сака да се прашуваме пред Бог: зошто ова, зошто она, зошто нешто се случува? Дури во нашата сопствена дискреција ни предлага спакувано мислење: „Размислувам колку ми се допаѓа!“ Тоа е добро – велат тие.

Но тоа што световниот дух не го сака, тоа од нас го бара Исус: слободно размислување, размислување на маж и жена кои припаѓаат на Божјот народ, а спасението е всушност тоа! Да се сетиме што велат пророците: Не си бил мој народ, а сега ти велам, народе мој! – така говори Господ. А спасението е во тоа да станеме Божји народ; да бидеме слободни – објасни Светиот Отец.

Исус од нас бара слободно  да размислуваме, да проникнеме во настаните. Вистина е дека тоа не можеме сами. Потребна ни е Господовата помош за да можеме да ги сфатиме знаците на времето. Светиот Дух ни го дарува тој дар: способност да сфатиме, а не други да ни говорат што се случува – рече Папата.

Што бара Господ од нас? Со духот на разбирањето секогаш да ги читаме знаците на времето. Убаво е да го молиме Господ Исус за таа милост, да го испрати својот Дух на интелигенција, за да не ни бидат мислите слаби и еднолични и да не бидеме по нашите вкусови, туку по Божјот план. Да со такви мисли, кои што се мисла на умот, срцето и душата и дар на Светиот Дух го откриваме значењето на работите и за добро да ги сфатиме знаците на времето. Ова е всушност милост која треба да ја молиме од Бог: Духот да ни подари способност за да можеме да ги читаме знаците на времето – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот