„И одејќи покрај Галелјското Море, го виде Симона и брат му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. Исус им рече: „Врвете по мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“ (Мк 1, 16-17)
Човечкиот живот е патување и прекрасна авантура која нема „класичен“ крај. Сите знаеме дека за нас христијаните смртта не е крај, туку нов почеток. Во таа авантура, Тој ни дарува многу можности и слободен избор. А најважното во тој избор е да ја пронајдеме целта и смислата на животот. Зошто смислата на постоењето? Токму тука е единствениот и вистинскиот одговор на сите животни прашања, па така и одговорите поврзани со прашањето за духовниот повик. Секој човек во себе носи повик затоа што преку него се остваруваме и во него ја пронаоѓаме сопствената цел на постоењето. Бог ни дава одговор за она духовното послание кое за нас е најдобро. Треба да сфатиме дека монасите и монахињите не се единствените кои го чувствуваат и живеат духовното послание. На пример има луѓе чие послание е да се посветат на подигнување на семејство. И тој е еден вид духовен повик. Тешко е, но истовремено прекрасно да се воспитуваат децата во духовна атмосфера, во Негова слава. Тие го вршат својот духовен повик преку служење на другите луѓе и оние во потреба. А третиот вид е оние кои живеат во целибат и што е милост да се живее таков живот, неодгатлив за „обичниот народ.“
Можеме слободно да кажеме: „Не само што ни треба Бог, туку и ние сме му потребни Нему, обичните луѓе!“ Тој секој ден нѐ сака само за Себе. Навестувањето на Евангелието е предадено во рацете на Црквата, а Црквата со помош на монасите и монахињите го пренесува на луѓето. Меѓутоа на Црквата ѝ требаат и ѓакони и ангажирани верници лаици кои со полн жар ќе работат на социјално-каратативно подрачје. Тоа едноставно можеме да го наречеме синџир на Божјата љубов. Тој синџир за да опстане до некаде е потребна рамномерна ангажираност на сите учесници. Тоа најдобро може да се види низ историјата на човештвото. Поголемата ангажираност донесува поголеми плодови.
Како што е кажано дека човечкиот живот е полн со авантури, најпривлечната авнтура е средбата со Бог. Навистина нема поубава авантура од склопените раце, напишал блажен Алојзиј Степинац. Тогаш сме најсилни! Цврсти сме како карпа на која не можат да се искачат, ниту да ја освојат најдобрите алпинисти.
Духовниот повик пред сѐ е Божји дар и голема милост. Ако не и најголема. Со развивањето на корените се овозможува раст на билката. Така Тој создава корен во кој Тој се наоѓа. Тоа е почеток и крај. Духовниот повик не е ништо спектакуларно. Тој се раѓа сосема обично. Тој е како кога слушате прекрасен симфониски оркестар кој има вовед, еден вид предигра, во која Бог со благиот ритам на виолината делува во нас. Нема овде одреден начин на кој Тој нѐ повикува. Можеме да бидеме најдобриот верник, најлошиот противник на верата, убиец, крадец. На Бог тоа не му е важно. Тој ни се објавува кога најмалку се надеваме. Некако сосема случајно и одеднаш. Меѓутоа зад сето тоа се крие еден процес преку кој Тој на нас ни го оставил својот белег.
Денес постојат многу гласови кои се обидуваат да имат влијание на нашата совест. Како да го препознаеме гласот кој ни ја дава вистинската смисла на животот? Решението е во склопените раце. Во таа блискост со Него, секој од вас ќе може да го почувствува повикот на Добриот Пастир. Дали сме подготвени да кажеме ДА или можеби чувствуваме страв? Дали се прашувате дали е можно на Уметникот да му го посветите целиот живот? Не грижете се, тој никогаш не напушта. Неговите стапки се наши стапки. Тој оди со нас, а понекогаш и наместо нас кога не сме способни да одиме. Тој тогаш нѐ носи на грбот. Како генерал ранетиот војник. Затоа доверете се на Него.
Исус секој ден упатува повик: „Следи ме!“ Дали имаме храброст да му кажеме: „Еве ме?!“
На Бог му се потребни соработници кои ќе зборуваат за „најголемиот Уметник на сите времиња“ Исус Христос. Да се осмелиме и да не се плашиме да му кажеме: „Еве ме Господи мој, сѐ мое! Сакам да бидам твојата „четка“ со која ќе го насликаш секој континент, „боја“ со која ќе ги бојадисаш сите срца и „сталка“ на кој ќе бидеш славен!“
Духовни позив/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк