Духовна подготовка во Рим за празникот на Пресвета Богородица

Маријанската побожност позајмена од византиската литургија и прилагодена на западната со цел заедно со Источните цркви да се направи подготовката за празникот на Вознесението на Марија на небото, која од 21.30 минути до 22. 30 секоја вечер ќе се моли во една Црква посветена на Марија во центарот на Рим.

Зборувајќи за источната побожност кон Богородица во разговор за Радио Ватикан отец Ермано Тониоло познат италјански Мариолог рече дека месец август во Источните цркви, а посебно во Византиската црква е месец на маријански побожности.

По празникот на Вознесението на Марија на небото, сите славења до крајот на месецот се вдахновени од тој празник. Целиот месец август е маријански месец во византиската заедница, но и во другите цркви кој сега за жал се зафатени со војна во Сирија и Египет, коптите, мароните и калдејците во Ирак, Арменците и Етиопјаните. Петнаесет дена се подготвуваат за празникот на – како што велат – Мајката Господова – истакна отец Тониоло.

На забелешка дека Истокот и Западот се соединуваат славејќи ја Марија истакна дека со доверба се обраќаат на Мајката која ја чувствуваат блиска во големите лични, семејни и посебно во национални и меѓународни проблеми. На Исток и на Запад сложно ја молиме Царицата на мирот да ни измоли мир – каречежа отец Ермано.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот