Духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија

Духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија

Во понеделник 29 април 2024 година во просториите на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица во присуство на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија.

Средбата започна со Света Бројаница и Шести час, а потоа следуваше духовно размислување од отец Ѓорги Динов – парох во Нова Маала, на тема: Култ на телото, според Првото посланието на свети апостол Павле до 1 Коринтјаните 6, 13-15, 17-20.

По предавањето епископот Стојанов заблагодари за споделените размислувања, воедно споделувајќи ги своите впечатоци, а потоа се вклучија и останатите свештеници. За време на духовната обнова свештениците имаа можност за света Исповед.

Литургиското славење го предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, а проповедаше протојереј отец Димитар Ташев, парох во Секирник, кој се осврна на Евангелие наменето за Велики Понеделник.

Духовна обнова заврши со агапе и заедништво во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот