Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзрхат во Македонија
На 10 март 2014 година во просториите на парохијата Свети Никола Чудотворец – Секирник се одржа месечната духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархт во Македонија. Духовната обнова започна со молење на Часослов, а пред почетокот на предавањето Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија ги поздрави присутните свештеници. Деканот о. Тома Ангелов во предавањето се осврна на тема: Смиреното слушање на Бога е пат за влез во царството Божјо.
По предавањето се отвори дискусија на темата, а потоа следуваше света Исповед и света Литургија. На крајот од духовната обнова свештениците во парохиската сала се задржаа во заедништво и разговор.
го*ко
Категорија:
Македонија