Државниот секретар Паролин се сретна со Претседателот Иванов

Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, во придружба на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. Киро Стојанов и Апостолскиот нунциј во РМ Анселмо Гвидо Пекорари во петок 19 март 2016 година се сретна со Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

На средбата е разговарано за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол, како и за тековните иницијативи во насока на продлабочување на меѓусебната соработка. На средбата е истакна плодната соработка помеѓу Католичката црква и Република Македонија, како и нејзината конструктивна улога како столб на меѓунационалната и меѓурелигиска коегзистенција.

к.мк

Фото: http://president.gov.mk/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот