Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин на 10 мај 2022 година пристигна во дводневна посета на Хрватска.
На аеродромот „Фрањо Туѓман“ кардиналот Паролин беше пречекан од апостолскиот нунциј во Република Хрватска, надбискупот Џорџо Лингва, претседателот на Хрватската бискупска конференција, надбискупот задарски Желимир Пуљиќ, загребскиот надбискупот кардиналот Јосип Бозаниќ, генералниот секретар на Хрватската бискупска конференција. Крунослав Новак и специјалниот советник за надворешна политика на хрватскиот премиер Мате Граниќ.
Кардиналот Паролин ќе престојува во Хрватска до четврток, 12 мај. Тој доаѓа во Хрватска на покана на Хрватската бискупска конференција по повод 25-годишнината од ратификацијата на трите договори меѓу Светиот Престол и Република Хрватска и 30-годишнината од признавањето на Република Хрватска.
Кардиналот Паролин ќе се сретне со членовите на Хрватската бискупска конференција во среда, на 11 мај, во седиштето на ХБК. Истиот ден во 18.00 часот ќе ја предводи светата Литургија во богослужбениот простор „Блажени Алојзије Степинац на Каптол.
Во четврток, на 12 мај, во утринските часови, кардиналот Паролин ќе се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ. Ќе одржи говор во хрватскиот Сабор, по што ќе се сретне со претседателот Зоран Милановиќ.
Ватикан њуз/к.мк