Допри до најсокриените агли од своето срце

Испитот на совеста е како око кое е способно да ги види најсокриените агли на нашето срце, неговите талкања и неговата приврзаност. Тој е како факел со чија помош јасно го гледам и го набљудувам целиот мој внатрешен живот…

Во овие предбожиќни денови и ние можеме да го подобриме испитот на совеста за да не се задржуваме на работи кои всушност не се важни и да го пропуштиме она што навистина е важно. Ако се навикнеме на секојдневен испит на совеста – краток, но темелно – јасно ќе ги видиме грешките кои го одалечуваат нашето срце од Бог и ќе знаеме на време да делуваме.

Испитот на совеста е како око кое е способно да ги види најсокриените агли на нашето срце, неговото талкање и неговата приврзаност.

Преку испитот на совеста јас гледам и сум просветлен, ги избегнувам опасностите, ги поправам недостатоците и го пренасочувам својот пат. Користејќи се со него како факел, јасно го гледам и го набљудувам целиот мој внатрешен живот и на тој начин не само што не можам да истраам во злото, туку едноставно себчувствувам обврзан да ја вршам вистината, односно да растам во побожноста.

Ако поради мрзливост го занемариме испитот на својата совеста, можно е грешките и склоностите да се  вкоренат во душата, сѐ додека ние веќе нема да знаеме да видиме на каква големина сме повикани, до толку што ќе застанеме пред малите ситници кои на Господ малку или ништо не му значат.

Испитувајќи ја совеста ќе ја најдеме сокриената причина за нашите очигледни пропусти во љубовта и работата, сокриениот корен на тагата или незадоволството, или неверното вршење на обврската за побожност кон Господ: ситуација која се повторува, можеби често, во нашиот живот за која така ќе најдеме лек.

Испитај се смирено и смело. Нели е вистина дека твоето лошо расположение и безпричинската тага – очигледно безмислена – потекнува од твојата неодлучност да ги прекинеш тенките, но реални нишки на кои лукаво те врзала твојата страст?

Битно.нет/о.Ѓ.Појразов/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот