Слово Божјо за денес: О, роде неверен и развратен!

Слово Божјо за денес: О, роде неверен и развратен!

Од Светото Евангелие според Лука (9, 37-48)

37.А на другиот ден, кога слегнаа од гората, Го пресретна многу народ. 38. И ете, некој во народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син! Оти ми е единец! 39. Го прифаќа дух и тој наеднаш вриска; го крши силно, така што пена му се појавува; и кога ќе го измачи, одвај го напушта. 40. Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.” 41. Одговори Исус и рече: „О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го синот твој тука!” 42. И додека тој уште приоѓаше, бесот го кутна и почна да го крши. Но Исус му заповеда на нечистиот дух, и го излекува момчето, и го предаде на татка му. 43. И сите се чудеа на величината Божја. И додека се чудеа сите на сè, што правеше Исус, Он им рече на учениците Свои: 44. Сложете ги во ушите свои овие зборови: Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки. 45. Но тие не го разбраа оној збор, зашто беше сокриен од нив за да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за неговото значење. 46. И им дојде мисла: кој од нив е најголем. 47. А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави пред Себе, 48. па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној Што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој ќе биде најголем.”

(…)  Излекувањето на момчето од нечистиот дух е последното чудо кое Исус го прави во Галилеја пред да се упати кон Ерусалим. Можеби учениците и мноштвото народ мислеле дека сега е моментот Исус да заплива во својата слава, народот да го понесе, да започне со воспоставувањето на својата политичка моќ и влијание. Но, Исус го прави токму спротивното од сите очекувања. Исусовата цел не е славата ниту одобрувањето на мноштвото, ниту му е цел да го сврти вниманието на сопствената личност или човечкото признание.

Секое одобрување и признание од страна на народот, па и од учениците само е пречка на патот до Божјата вистина во светот. Па и учениците се меѓу оние кои не разбираат. Тие имаат свои замисли наспроти својата улога, свои желби кога ќе се случи политичко чудо со овој Исус во Ерусалим. Не се способни да го сфатат Неговото Слово, а посебно да го разберат. Не можат да сфатат дека таков срамен завршеток на Него може да му се случи. Дури откако сè ќе се случи, по воскресението, Исус ќе биде способен да им го просветли умот, да им ги отвори очите и ушите и срцата за да сфатат сè што е пишувано за Него. Сѐ до тогаш Исусовата мака им останува тајна. Дури после поминатиот пат и целта им станува јасно што и кој е Исус. А до тогаш сè ќе биде завиено во тајната на неразбирањето.

На таа мака се надоврзува и Исусовото страдање заради неразбирањето на оние кои ги избрал, откако цела ноќ се молел на Отецот. И тие ќе побегнат во одлучувачкиот момент и ќе го оставам сам, изложен на насилство, неправда, на лажна осуда и смрт. Или можеби им е страв за позициите кои ги очекуваат во тој момент од Исуса, затоа што имаат свои идеи и улоги како негови најблиски соработници и „министри“? Затоа што токму следниот дел зборува за тоа што на нив во тој момент им е најважно: Кој од нив е прв? Негуваат целосно човечки мисли и намери.

Изгледа дека нивната обука во Исусовата наука и личност не постигнува голем успех. Тие сè уште се заслепени од своите планови, не го гледаат расцепот меѓу своите желби и Исусовите зборови. Тие подоцна ќе се разбудат од својот сон, во Гетсиманија, кога ќе го остваат сите и ќе побегнат, кога Јуда ќе се обеси, а Петар три пати ќе се откаже и после тоа горчливо, многу горко плачее, затоа што Исус го погодува со својот поглед и очи. Наше е да учиме од нив.

Меѓугорје/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот