Добротворен концерт во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

На 18 март 2015 година во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во организација на Скопска бискупија и Италијанската амбасада во Република Македонија се одржа добротворен концерт.На почетокот свое обраќање имаше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, кој ги поздрави присутните и изрази голема благодарност до италијанската амбасада и до амбасадорот на Италија во Република Македонија г-дин Ернесто Масимино Белели за организирањето на овој концерт, кој што веќе полека прераснува во традиционален. Исто така присутните ги поздрави и италијански амбасадор, кој што ги потсети присутните дека сите средства кои ќе се соберат од овој добротворен концерт се наменети за добротворната работа на Македонски Каритас.

Инаку да споменеме дека Македонски Каритас е хуманитарна организација на Католичката црква во Македонија, која веќе повеќе од 20 години активно помага на сиромашни лица и семејства, без оглед на нивната национална или верска припадност.

На програмата беа дела од Пасквини, Берлингвер, Хендел, Наполитано, Дипре, Бах, а во изведба на оргули од госпоѓа Ливија Мацани од Италија.

к.мк/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот