Иако кревок и загрозен, животот на малиот Алфи Еванс, кој во болницата во Ливерпул се бори со својата болест, лекарите и судиите, многумина поттикна на молитвата и пораки за подршка, и со неизвесност го следат неоткажувањето од животот. Една од пораките упатена до Алфи, но и за размислување на сите нас, посебно нѐ допре, па затоа сакаме во оваа прилика да ја поделиме со вас, почитувани читатели.
Духовната и телесната храборст на малиот Алфи, кој продолжи да диши и покрај тоа што Велика Британија го осуди на смрт од страна на медицинскиот персонал на ливерпулската болница, е прогласена за „воопшто неочекувана“. Претходно му дијагностицираа, меѓу другото, летална инсуфициенција на респираторниот систем поради потполна нефункционалност на централниот нервен систем, поради што е и донесена одлука апаратите, кои му помагаат на детето да диши, да бидат исклучени. Самиот факт што детето самостојно диши веќе со денови и покрај тоа што е исклучена механичката вентилација, ја повлекоа оваа дијагноза и покрај тоа што беа убедени дека детето ќе умре наскоро откако ќе бидат исклучени апаратите.
Со повлекувањето на оваа дијагноза, повлечена е и судската пресуда, која во потполност е базирана на дијагнозата. Како некој голем криминалец обиколен со бројни полицајци во својата болничка соба, од која не смее да излезе надвор, мора да диши сам. Диши Алфи!
Кардинал Сгреција ваквата ситуација ја нарече танатолошка тврдоглавост: предиспонирана намера пациентот да се усмрти и покрај сите медицински и етички факти и аргументи, кои во процесот на лекување јасно зборуваат во корист на животот. Донесувајќи тогаш опсежна критика на постапката за случајот на сега веќе покојниот Чарли Гард, уште една смрт на дете, врз кое Велика Британија одлучила да ја спроведе, забранувајќи на неговите родители да го однесат на експериментално лекување во САД, истакнувајќи го основиот принцип на автентичната палијативна етика: неизлечивата болест не подразбира откажување на медицинскиот третман. Напротив, медицината, науката во служба на животот, на пациент со неизлечива болест, а посебно на дете кое страда, треба постојано и великодушно да му се обезбеди секаква достапна нега. И покрај таа најосновна етика како и самата природа на медицината на која е подложен, одлучено е за Алфи да нема милост. Нема да му се олесни дишењето. Ма диши, Алфи, колку и да е тешко!
Ентони Паул Хејден, судија во високиот суд со титула витез, инаку голем активист за ЛГБТ права, во својата пресуда одлучи на малиот „во последното поглавје од неговиот живот“ да му го одземе дури и правото на слободно движење. Родителите Том и Кејт бараат од болницата да им дозволат да го пренесат Алфи на лекување во Италија, која му даде државјанство откако папата Фрањо лично интервенираше и побара да се вложат натамошни напори за да се продолжи неговиот живот. Педијатриската екипа од римската детска болница Бамбино Џезу, која е потполно подготвена да го преземе и да започне да се грижи за него, сепак нема право на пристап до Алфи. Секој нов ден кој би го проживел Алфи во рацете на римските лекари, би бил нов удар за нивните англиски колеги, кои одлучија дека Алфи не може повеќе да живее.
Диши Алфи, Секој твој здив е од непроценлива вредност. Овој свет не те дочека убаво, мораше да ги вкусиш сите недела на идеологијата која ја ампутира и логиката и етиката и три дена ти ги одзема твоите човечки и детски права. Но секој твој здив го пробива патот до вистината во ова сурово безумие. Не скратувај не со ниту еден здив! Диши!
Диши Алфи!
Битно нет/к.мк