Директорот на Македонски Каритас го посети Црвен Крст – Битола

Директорот на Македонски Каритас го посети Црвен Крст – Битола

На 18 мај 2018 година директорот на Македонски Каритас и парох во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, дон Паво Шекерија и настојателката на сестрите усмиленки Љубица Јозиќ се сретнаа со претседателката на Црвен Крст – Битола, Лилјана Ристевска.

Во срдечниот разговор претставничката на Црвениот Крст ја презентира работата на локалните волонтери и проекти во кои учествуваат млади од Битола. Директорот на Македонски Каритас ја истакна работата на Црквата со сиромашните. Двајцата претставници искажаа интерес за развој на соработката помеѓу Католичката Црква од Битола и Црвениот Крст на Битола.

Сестра Љубица Јозиќ ја претстави работата на сестрите кои се грижат за сиромашните, болните и лицата во потреба и со големо задоволство и радост ја прими веста локални волонтери да им помогнат во нивната работа.

„Ако помогнеме на едно лице, веќе многу сме направиле“ – со тие зборови на крајот од средбата отец Шекерија ја изрази волјата да се помогне на оние кои се во најголема потреба без разлика на нивниот број или уверување.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот