Дикастеријата за промовирање единство меѓу христијаните објави документ за улогата на Папата
Дикастеријата за промовирање единство меѓу христијаните објави документ за улогата на Папата со наслов „Римски епископ. Примат и синодалност во екуменските дијалози и одговори на енцикликата „Ut unum sint“.
Во него се собрани плодовите од екуменските дијалози за Папската како одговор на повикот да се разбере Папската служба како „служба на милосрдието“ за сите Цркви, кој пред скоро триесет години го испрати Свети Иван Павле II. следејќи ги чекорите преземени од Вториот ватикански собор наваму.
Целта е да се изнајде облик на службата за првенство што го споделуваат Црквите кои живееле во полно заедништво во првите векови. Иако не сите теолошки дијалози „ја обработуваа темата на исто ниво или со иста длабочина“, можно е да се истакнат некои „нови пристапи“ кон најспорните теолошки прашања.
Препрочитување на Петровите текстови
Еден од плодовите на теолошките дијалози е обновеното читање на „Петровите текстови“, кои историски станаа пречка за единството меѓу христијаните. „Предизвикот за учесниците во дијалогот беше да се избегнат застарените претпоставки за подоцнежниот доктринарен развој и да ја преиспитаат улогата на Петар меѓу апостолите. На пример, „повторно е откриена разноликоста на сликите, толкувањата и моледите во Нвоиот Завет, додека библиските термини како што се се епископ (надгледник), ѓаконија и концептот „петрова служба“ придонесоа за развој на поцелосно разбирање на „петровите текстови“.
Корените на папскиот примат
Друго прашање за сопнување е католичкото сфаќање на приматот на римскиот епископ како институција de iure divino (божествен закон), додека повеќето други христијани го разбираат само како институција de iure humano (човечко право). „Херменевтичките појаснувања – пишува во документот – придонесоа оваа традиционална противречност да се стави во нова перспектива“, земајќи го предвид приматот во однос и на божествениот и на човечкиот закон, односно „како дел од Божјата волја за Црквата и посредувано низ човечката историја“.
Првиот ватикански совет
Значајна пречка претставуваат догматските дефиниции на Првиот ватикански собор. Некои екуменски дијалози забележаа „ветувачки напредок во преземањето на „препрочитување“ или „повторно прифаќање“ на овој собор, отворајќи нови патишта за попрецизно разбирање на неговото учење“, исто така во светлината на историските контексти и учењето на Вториот ватикански совет.
Затоа, догматската дефиниција за општата јурисдикција на папата доби поинакво читање (толкување?), „одредувајќи го нејзиниот опсег и граници“. На ист начин, беше можно да се разјасни „формулирањето на догмата за непогрешливост, па дури и да се договори за некои аспекти од нејзината цел, согледувајќи ја потребата, во некои околности, за лично вршење на службата за учителството, имајќи предвид дека единството на христијаните е единство во вистина и љубов“.
И покрај овие појаснувања, се потврдува во документот, „дијалозите сè уште изразуваат загриженост поради односот на непогрешливоста со првенството на Евангелието, непогрешливоста на целата Црква, вршењето на епископската соборност и потребата од примање“.
Служба за помирената црква
Многу теолошки дијалози ја препознаа „потребата за првенство на општо ниво. Повикувајќи се на апостолската традиција, некои дијалози тврдат дека од почетокот на Црквата, христијанството се засновало на главните апостолски столови според одреден редослед, во кој римската столица била прва.
Некои дијалози укажуваа дека постои взаемна зависност на првенството и синодалноста на сите нивоа од животот на Црквата: локално, регионално, па дури и општо. Друг аргумент во прилог на ова, кој е од попрагматичен карактер, се однесува на современиот контекст на глобализацијата и мисионерските потреби.
Теолошките дијалози препознаваа некои критериуми од првиот милениум „како упоришта и извори на вдахновението за прифатливо извршување на службата за единство на универзално ниво, како што се: неформалниот – а не првенствено јурисдикцискиот – карактер на поимот заедништво меѓу Црквите „приматот по чест“ на римскиот епископ и меѓузависноста на синодалноста и димензиите на првенството“.
Првенство и синодалност
Заклучокот на многу разговори е дека првиот милениум од христијанската историја не треба да се „идеализира ниту едноставно да се реконструира“, исто така затоа што општиот приоритет треба да биде да се одговори на современите предизвици. Затоа, беа воспоставени некои принципи за вршење на службата на првенството во 21 век: „Првиот општ договор е меѓусебната меѓузависност на првенството и синодалноста на сите нивоа на Црквата и последователната потреба од синодално вршење на службата на приматот“.
Понатамошниот договор се однесува на интеграцијата на „димензијата „заедниќарење“, која се заснова на sensus fidei на сите крстени, „соборната“ димензија, изразена пред сè во епископската соборност и „личната“ димензија изразена од слуѓбата за приматот“.
Клучното прашање е односот меѓу локалната Црква и општата Црква, што има важни последици за вршењето на службата на првенството. Екуменските дијалози придонесоа за договор „за симултаноста на овие димензии, инсистирајќи на фактот дека не е можно да се одвои дијалектичкиот однос меѓу локалната Црква и универзалната Црква“.
Улогата на бискупските конференции
Во многу дијалози „беше нагласена потребата од рамнотежа помеѓу вршењето на службата на првенството на локално и општо ниво, истакнувајќи дека во повеќето христијански заедници локалното ниво е најважно за вршење на службата за првенство, а исто така и за нивната мисионерска дејност. Некои теолошки дијалози со западните христијански заедници, ја истакнуваат „непропорцијата“ меѓу овие заедници и Католичката црква, повикуваат на зајакнување на католичките бискуспки конференции, дури и на континентално ниво“, како и на децентрализација вдахновена од моделот на древната патријархатски Цркви.
Традиции и супсидијарност
Документот потоа ја нагласува важноста на принципот на супсидијарност: „ниту едно прашање што може адекватно да се реши на пониско ниво не треба да се префрлува на повисоко“. Некои дискусии го применуваат овој принцип за да дефинираат прифатлив модел на „единство во различноста“ со Католичката црква, тврдејќи дека „овластувањето на Римскиот бискуп не треба да го надмине она што е неопходно за извршување на неговата функција на единство на општо ниво и предлагајќи доброволно ограничување во извршувањето на неговите овластувања – сфаќајќи дека му треба доволен степен на авторитет за да одговори на многуте предизвици и сложени обврски поврзани со неговата служба“.
Практични совети за работа
На крајот од документот, предлогот на дикастеријата ги утврдува најважните предлози за обновениот облик на службата на единство на римскиот епископ „признаена и од едната и од другата“, т.е. од Католичката и од другите цркви.
Првиот предлог е ново толкување на учењето на Првиот ватикански собор од страна на Католичката црква со „нови изрази и зборови верни на првобитната намера, но интегрирани во еклисиологијата на заедништвото и прилагодени на сегашниот културен и екуменски контекст“. Исто така, се предлага да се направи појасна разлика помеѓу различните должности на римскиот епископ, особено помеѓу неговата функција како патријарх во Западната црква и неговата приматска служба за единство во заедништвотона Црквата“.
Исто така, неопходно е да се разликуваат службите на Папата како патријарх и примат од неговата политичка функција како шеф на држава и повеќе да се нагласи извршувањето на неговата служба во неговата конкретна Црква, Римската бискупија.
Третата препорака се однесува на развојот на синодалноста во Католичката црква. Особено, „беше предложено дополнително размислување за авторитетот на националните и регионалните католички бискупски конференции, за нивниот однос со Епископската синода и Римската курија. На општо ниво се потенцира потребата од поголемо вклучување на целиот Божји народ во синодалните процеси“.
На крајот, конечниот предлог се однесува на „промоција на „соборно единство“ преку редовни состаноци на поглаварите на Црквите на глобално ниво“, и промоција на синодалноста меѓу Црквите со редовни консултации и активности и заеднички сведоштва меѓу епископите и приматите.
Ватикан нуз/к.мк