Децата од Свети Иван Крстител во посета на Дојран

Децата од веронаучната група при парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во понеделник 29 јуни со посета на Дојран ја завршија веронаучната година.

Посетата ја започнаа со молитва во парохиската црква, а за време на патувањето до Дојран се молеше света Бројаница. Во Дојран ја посетија црквата Свети Илија. Отец Гоце Костов говорејќи им на децата за распустот и одморот ги потсети дека човек треба да се одмора од секојдневните активности, но кога оди на одмор, во посета дека не треба да се заборави Исус.

Престојот во Дојран продолжи со прошетка низ Дојран, игра и забава.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

Категорија: Македонија

За авторот