Децата од општините од Италија погодени од земјотресот го посетија Папата

Децата од општините од Италија погодени од земјотресот го посетија Папата

На 3 јуни 2017 година во склоп на иницијативата „Детски воз“, Светиот Отец се сретна со 400 деца од општините од Средна Италија уништени во земјотресот.

Но, наместо да им одржи говор, Папата одлучи да ги сослуша. Ми кажаа дека морам да ви зборувам, но мене ми е помило да ве слушам – рече папата Фрањо и децата ги повика да му ја опишат моменталната животна ситуација.

Ние од одделението на 24 август (2016 година) се исплашивме затоа што не знаевме кој преживеа, што се случи со нашето училиште и со домовите на другите – рече малата Гаја од населбата Аквасанта. За среќа сите се спасија. Во Аквасанта нема посебни штети, но нашето училиште не можевме да го посетуваме сѐ додека не беше обновено – рече детето.

Другите се најдоа во потешки ситуации: некои мораа да посетуваат настава во шатори, други мораа да живеат во мобилни домови затоа што ги загубија своите домови. Светиот Отец ги сослуша малите и големи грижи на децата и ги охрабри: Тоа што сте го преживеале е лоша работа, несреќа, а несреќата ја ранува душата. Но, Господ ни помага повторно да станеме. Кога ќе дојдат такви неволји, ни дава сила повторно да станеме – рече папата Фрањо молејќи на крајот со децата „Радувај се Маријо.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот