Десет начини како да се подготвите за света смрт

Десет начини како да се подготвите за света смрт

Најважниот момент во нашиот живот е токму моментот на смртта. Тоа ќе ја одреди нашата судбина за вечноста. Еве 10 совети како да се подготвите за света смрт.

Најважниот момент во нашиот живот е токму моментот на смртта. Тоа ќе ја одреди нашата судбина за вечноста. Или ќе бидеме спасени или осудени. Или ќе живееме вечно со Бог или ќе бидеме вечно изгубени. Уште сега за време на животот можеме да почнеме да се подготвуваме за светиот и благословен момент на смртта. Овие десет кратки и корисни совети може да ни помогнат до тогаш да ги направиме првите одлуки, и во моментот на смртта нашиот Спасител да нѐ прими во рајот.

  1. Живејте го секој ден од својот живот како да е последен. Навистина, денес би можел да биде тој ден. Исус нѐ предупредува: „Тој ќе дојде како крадец во ноќта.“ Бидете подготвени!
  2. Не на гревот, да на Бог! Гревот води кон тага, ропство и смрт. Да се одречиме од гревот по секоја цена и да се свртиме кон Бог кој дарува живот. Исус вели: „Јас сум патот, вистината и животот.“
  3. Извршувајте ги своите секојдневни работи. Тоа е клучното делување во животот на светците. Тоа значи да се живее „светата тајна на сегашниот момент“ и секогаш да се настојува да се изврши својата должност и обврска со најдобри намери – во чест и слава Божја!
  4. Паднавте? Станете! Ако паднете во грев, а тоа ќе се случи затоа што сите сме грешници, тогаш веднаш храбро станете. Никогаш не одложувајте го преобраќањето за утре; подобро денес – пред заоѓањето на Сонцето!
  5. Љубов. Копнејте секогаш за најголемата вредност – љубовта! Исус јасно ни зборува која е најголемата заповед, а таа е двојна: Љуби го Бог со целото свое срце, разум, душа и сила. А другиот дел е љуби го својот ближен силно како што се љубиш самиот себе. Размислувајќи за светата смрт, свети Иван од Крстот нѐ учи: „Во вечерните часови од животот ќе бидеме судени по љубовта.“ Нека нашата секојдневна цел биде што поинтензивна полна со жар кон љубовта. Како Блажена Девица Марија, нека и ние умираме од љубов!
  6. Доведете ги и останатите во небото. Слугата Божји надбискупот Фултон Шин ни дава одличен совет за тоа како да стигнеме до небото. „Ако сакате да дојдете во небото, тогаш поведете некој со себе.“ Исус вели: „По нивните плодови ќе ги препознавате.“ Нашата желба треба да биде да го сакаме тоа што Бог го сака, а Бог го сака спасението на бесмртните души. Се надевам дека ова ќе биде вашата најголема желба!
  7. Размислувајте за небото. За да имаме света и среќна смрт, многу ни помага постојаната мисла за стекнување на небото, како и размислувањето за тоа што всушност е рајот! Свети Павле тоа ни го дава да го почувствуваме со зборовите: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат.”вПравете го тоа! Размислувајте за двата најсреќни часа кои ви се случиле во животот, помножете го тоа со милион пати, а потоа додадете ја вредноста на вечноста – тоа ќе трае засекогаш, секогаш и засекогаш! Нема никогаш да биде крај! Тоа е предвкусот на радоста на небото што нѐ чека!
  8. Кажете му на Исуса што сакате! Од длабочината на своето срце разговарајте со Исуса и изразете му ја најголемата желба на своето срце: дека сакате да растете во љубовта кон Бог, секој ден сѐ повеќе и повеќе; дека сакате да љубите на небото за цела вечност. Потсетете го Исус на секојдневното копнеење (најдлабоко) копнеење на човековото срце. Повикајте го својот ангел чуват да ви дојде на помош!
  9. Чистилиште и страдања. Зошто не го замолете Бог да го испрати чистилиштето на земјата? Вистина, многу подобро е да се плати на земјата отколку во пламенот чистилишен после смртта. Како тоа може да стане реалност? Едноставно, но и тешко во исто време! Сите ние мораме да трпиме, и тоа на многу начини: физички, емоционално, економски (многу од нас), општествено и духовно. Зошто да не го понудиме своето страдање за пробраќање на другите, за преобраќање на грешниците, очистување на душите во чистилиштето, но така и нашето страдање да ни послужи што побргу да дојдеме во рајот? Многумина од нас никогаш не мислат на тоа, но Бог всушност не нѐ сака во чистилиштето. Тој сака да одиме веднаш во небото. Да бидеме искрени, на некои небото не им е затворено поради Божјата лоша волја, туку поради нашата гордост, себичност, егоизам и отпорност на Божјата милост. Зошто да не се молиме да одговориме на Божјата милост и да ги прифатиме нашите страдања во овој живот за да се соединиме со Бог веднаш после смртта?
  10. Марија: Царица на светците и ангелите. Сите светци се сложуваат за оваа духовна максима: „Марија е најбрз, најсигурен и најделотворен пат до Исуса и небото.“ Зошто веднаш да не ја замолиме Марија за милост да одиме во небото? Замолете ја Марија да ви ги покаже пречките кои во вашиот живот го блокираат слободниот пристап до Исус и небото. Потоа замолете ја за милост за совладување на тие препреки, или за духовена „кратенка“ на автопатот кон небото.

Битно.нет/к.мк

Фото: Elzbieta Moore/pixabay.com

Категорија: Вера, Духовност

За авторот