Денови на семејството во Петралинци
Под мотото „На семејството му е потребна парохијата, на парохијата и е потребно семејството“ во католичката парохија Свети Кирил и Методиј во Петралинци од 25 до 28 февруари ќе се одржат денови на семејството. Главна тема на овој настан ќе биде „Светата Литургија во животот на семејството.“
Преку духовни размислувања, молитва и заедничко дружењево овие денови верниците од парохијата ќе имаат можност подобро да се запознаат со светата Литургија и да добијат одговор на прашањето: „Зошто е важно во недела и на задолжителни празници да се присуствува на светата Литургија?“
Целта на овие средби е да се покаже на семејствата дека„Црквата оди со вас“ во радосни и во тешките моменти.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија