Денес има повеќе маченици христијани, отколку во првите векови

Денес има повеќе прогонети христијани, отколку во првите векови, рече папата Фрањо во понеделник 30 јуни за време на Литургијата во домот Света Марта, денот кога Римската црква се спомнува на христијаните кои се убиени по заповед на цар Нерон после римскиот пожар во 64 година.

Молитвата на почетокот од Литургијата потсетува дека Господ „со крвта на мачениците ја освети младата Римска Црква“. Сликата говори за растење на билка, која нѐ потсетува на Исусовите зборови дека Царството Божјо наликува на човек кој фрла семе, потоа оди дома, спие или бдее, семето рассте, р’ти, а и самиот човек да незнае како (сп. Матеј 13,31-32). Тоа семе е Словото Божјо кое расте и станува Царство Божјо, станува Црква, благодарејќи на „силата на Светиот Дух и сведоштвото на христијаните“.

Знаеме дека нема раст без Духот: Тој ја создава Црквата, Тој прави да расте Црквата, Тој ја повикува Црковната заедница. Но потребно е и сведоштвото на христијаните. Кога сведоштвото ќе дојде до крајности, кога историските услови од нас бараат силно сведоштво, тука мачениците се најголеми сведоци. Црквата е залиена со крвта на мачениците. Во тоа е убавината на мачеништвото. Започнува како сведоштво, од ден во ден, а може да заврши како Исус, првиот маченик, првиот сведок, верен сведок: со крв“.

Папата истакна дека сведоштвото, ако сака да биде вистинско, мора да исполни еден услов: „мора да биде безусловно“.

„Го слушнавме Евангелието, човекот му вели на Господ, дека ќе го следи, но најпрво поставува услов: Да оди да се поздрави или да го погреба татко му… Господ го запира: „Не“. Сведоштвото е безусловно. Мора да биде цврсто, одлучно, со силен впечаток, како што вели Исус: Но зборот ваш да биде: да, да, – не, не. Тоа е јазикот на сведоштво“ (сп. Матеј 8,18-22; Матеј 5,37).

„Денес размислуваме за Римската Црква која расте натопена од крвта на мачниците. Но праведно е да размислиме за многу денешни маченици, многу маченици кои својот живот го даваат за верата. Вистина е дека во времето на Нерон имало полно прогонети христијани, но и денешниот број на прогонети христијани воопшто не е мал“, истакнува Папата

Денес во Црквата постојат многу маченици, многу прогонети христијани. На Средниот Исток, христијаните бегаат од прогонствата, прогонувачите ги убиваат. Некаде христијаните елегантно се протерани, со фини ракавици и тоа е прогонство. Денес имам повеќе сведоци, повеќе маченици во Црквата, отколку во првите векови. А на оваа Миса, сеќавајки се на славните претци, тука во Рим, да помислиме и на нашите браќа кои страдаат од прогонствата, да помислиме на оние кои страдаат и со својата крв го помагаат растот на бројни мали Цркви кои се раѓаат. Да молиме за нив и за нас.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот