Делегација на Македонски Каритас учествува на Регионална конференција на Каритас Европа во Франција
Делегации на 44 Каритаси од 42 Европски земји учествуваат на Регионалната конференција на Каритас Европа, која се одржува од 23 до 26 Мај 2016 година во Богородичното светилиште Лурд (Франција).
На конференцијата учествуваат повеќе од 300 вработени лица во Критас и волонтери, како и лица кои живеат во сиромашни и ранливи услови. На нив ќе им се придружат претставници на Каритас од сите континенти на светот.
Делегацијата на Македонскиот Каритас од Македонија ја предводи директорот на Каритас монс. Антун Циримотиќ. Македонската делегација во изминатиот период активно се подготвуваше за конференцијата за да ја презентира пред Европа и светот сликата на активностите и заземањата на Македонскиот Каритас во Македонија. Искуството и сведоштвата на учесниците ќе допринесат обликување на идните активности на Каритас – како би го искорениле сиромаштвото и да се зајакне социјалната кохезија во Европа.
к.мк/д.т.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк