Во недела 27 март 2022 година на Крстопоклона недела, во склоп на Синодалниот од, парохијата Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала ја посетија отец д-р Зоран И. Стојанов, парох во Радово и декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј и отец Марјан Ристов, канцелар и епархиски економ и во таа прилика во заедништво со парохот о. Спасо Ристов служеа света Литургија. За време на светата Литургија проповед одржа деканот о. д-р Зоран И. Стојанов.
Потоа следуваше административниот дел од посетата, која помина во пријатна и срдечна атмосфера. По завршувањето на официјалниот дел од деканската посета следуваше заедничко агапе.
к.мк