Деканска посета во Катедралната црква “Успение на Пресвета Богородица”

Деканска посета во Катедралната црква “Успение на Пресвета Богородица”

Во недела 20 март 2022 година, во склоп на Синодалниот од и деканската посета, во Катедралата се служеше во 09.30 часот Света Литургија која ја предводеше протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, парох во Радово и декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј, во заедништво со протоереј ставрофор отец Марјан Ристов, канцелар и епархиски економ, парохот протјереј ставрофор отец Ѓеорги Трајков и парохискиот викар отец Ристо Самарџиски.

Во својата проповед отец д-р Зоран И. Стојанов ја истакна важноста за простувањето и љубовта кон ближниот, осврнувајќи се на Светото Евангелие кое беше предвидено за  втората недела од Великиот пост.

По завршувањето на светата Литургија, парохот отец Трајков се заблагодари за заедничкото славење на Светата Литургија, а потоа пристапија во парохиските простории за официјалниот дел од деканската посета.

Средбата заврши со агапе и дружење.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот