Девета постојка
Исус трет пат паѓа под крстот
Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме! Бидејќи со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме во Исус. По трет пат е на земјата. Повеќе не го притиска ниту крстот, не е ни далеку Голгота. Зошто не се подига? Само неколку чекори, третото паѓање изгледа како трет инфаркт. Не може да стане Му треба небесна помош. Му треба чудо. А чудото може само Отецот да го даде, бидејќи е милосрдие. И кога дава ги повторува зборовите од пророкот: Милосрдието ми е мило, а не жртвата. Стани, бидејќи пред тебе стои краток пат пред милосрдието да излезе и правдата. Јас сакам да започнам нова историја на човештвото. Таа почива не во осветата, туку во опростувањето. Во милосрдието. Ниту во задоволувањето, бидејќи ја сакам твојата љубов, а не твојата крв. Стани.
Често се наоѓаме во ситуација каде ниту гледаме, ниту пак гледаме излез. Некој, кого најмногу го сакаме, ни зададе неспоредлива болка. Срцето се расцепува и вика – Зошто токму ти? Зошто токму од тебе? И колку да би сакале да го контролираме срцето, болката е толку голема и навредата толку длабока, што повикот на опростување не нѐ допира. Не можеме да простиме. Пробуваме во свеста да го внесеме целото Евангелие. Но како да не помага. Во тој час треба да го отвориме срцето, не со нашиот разум и не со оправдување околу праведната или неправедната навреда, туку да го отвориме срцето за Бог. Но ако го отвораме срцето кон Бога, Тој ќе го ојачи со снага која, иако сме во право, а тој што не навреди не е во право, нашето срце ќе биде формирано спрема срцето на Бога и ќе можеме со Божјата сила во кој веруваме, да простиме. Бидејќи ако не се прости, Исус не ќе може да стане од третиот пад и ние понатаму нема да можеме да му помогнеме. Додека упорно настојуваме самите себе да се оправдаме и да ги толкуваме со разумот погрешките на нашите ближни, немаме право да бараме разбирање од другите за нас. Без простување го затвораме кругот да ни се опрости. Не само кај луѓето, туку многу поважно, кај Бога. Кој друг треба да си простуваат,, ако не светотаински поврзаните брачните другари, не седум пати, туку седумдесет и седум пати по седум. Дали е можно тоа од нас да го бара Исус? За да стане од тоа паѓање, да, тоа го бара секогаш и од срце.
Да се помолиме
Боже, кој си неизмерен во своето милосрдие и со својата доброта ја надминуваш секоја наша заслуга, направи го нашето срце по своето срце. Нека биде милосрдно и секогаш подготвено да ги лекува туѓите рани со љубов и простување. Преку Христос, нашиот Господ. Амин.
Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..
Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.
Превод: о. Д. Ташев