Две години од понтификатот на папата Фрањо
Папата Фрањо е избран две недели откако папата Бенедикт XVI се повлече од службата
Прв пат после 1300 години за папа е избран кардинал кој не е од Европа. Аргентинскиот кардинал го зеде името Фрањо според Фрањо од Асизи, со што веќе покажа во кој правец ќе се движи неговиот понтификат. Со тоа 76 годишниот исусовец, прв Папа од Латинска Америка, кој стана поглавар на Католичката црква и со тоа пастир на 1,2 милијарди верници католици во светот.
Папата Фрањо се приклони пред верниците на плоштадот Свети Петар, а своето обраќање од ложата на базиликата го започна со зборовите: „Браќа и сестри, добро вечер!“
За 266 Папа, кардинал Бергољо е избран од 115 кардинали од целиот свет, кои се со право на глас.
„Вие знаете дека обврската на конклавите е да се избере римскиот бискуп, но изгледа моите браќа кардинали отидоа да го земат од крајот на светот. Еве, сега сме тука!“, порача папата Фрањо.
Заедницата на Римската бискупија има свој бискуп, благодарам! И пред сѐ би сакал да молам за нашиот почесен бискуп, Бенедикт XVI. Сите заедно да молиме за него, Господ нека го благослови, а Богородица нека го чува“, рече Папата. Потоа со верниците од плоштадот Свети Петар измоли Оче наш, Радувај се Маријо и слава на Отецот.
А сега да го започнеме патувањето: бискупот со својот народ. Патување на братство, љубов и доверба меѓу нас. Секогаш да молиме за сите нас: еден за друг. Да молиме за целиот свет за да се создаде големо братство. Сакам ова патување на Црквата, кое го започнуваме денес и во кое ќе ми помогне викарниот кардинал, да биде плодно за евангелизација на овој убав град“, порача папата Фрањо.
Сега би сакал да дадам благослов, но најпрво би ве замолил за една услуга. Пред бискупот да го благослови народот, ве молам вие да го молите Господ да ме благослови“, рече Папата започнувајќи го својот понтификат.
Лаудато/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк