Да се брани животот во јавноста

Пол Своп е еден од основачите на Млади за живот интернационал (Pro-Life Youth International,), работи во организација, основана во САД, наречена Керинг Фондација. Тоа е здружение за право на живот со единствен пристап на темата легализација на абортусот. Наместо да се бориме правно преку законите и политичките средства, ние се бориме преку телевизиски емисии во кои апелираме на внатрешниот глас – совеста на жената која се соочува со одлуката за абортус.

Наместо да настојуваме да го одземаме „правото на избор“ на жената, ние се трудиме да и помогнеме да согледат дека таквиот избор не е позитивен.

Верувам дека таквиот пристап би бил многу интересен за свети Хоземарија. Размислувајќи и водејќи се од неговото учење во својата работа сфаќам дека постојат многу паралели кои сакам да ги споделам со вас. Во ова кратко време, ќе набројам неколку.

1. Почитување на човековата слобода

Немав чест да го запознаам Хоземарија Ескрива лично, но убаво се сеќавам на сцените од видео филмот кои оставија силен впечаток на мене. Тој се обрати на будистите, и зборуваше многу емотивно, раширувајќи ги широко своите раце, нешто како: „Со задоволство ќе го предадам својот живот за да го заштитам вашето право да го практицирате будизмот.“ Хоземарија Ескрива не направи обид да ја оспори неговата религија по логиката или реториката. Избра да покаже почит и да го брани универзалниот принцип кој и двајцата го делат, важноста за почит на човековата слобода. Во Керинг Фондацијата, ние креираме порака заснована не на нашата логика и убедување за злото – абортус, туку на прашањето: „ Како навистина се чуствува жената во врска со таа тема?“ и „Како можеме да ја разбудиме нејзината совест за да таа самата согледа дека абортусот не е позитивна опција?“

Дозволете ми да споделам со вас еден оглас за да ви го илустрирам своето убедување: Огласот ја прикажува жената кога игра балет и воведните зборови се: „Твојата интуиција е мал глас, заокружен и целосен. Тој ти кажува на кој можеш да му веруваш, кога е потребно да премолчиш и што чуствува твојата најдобра пријателка“. Гледете ли како тој почеток е надвор од политички, географски, дури и национални граници? Ние апелираме на карактеристиката која секоја жена ја препознава и ја цени – женска интуиција. Таа е универзална. Огласот продолжува, „Тој (гласот на женската интуиција) не го кажува секогаш тоа што сакаш да го слушнеш, но ако добро размислиш, кога тој глас не бил во право? На тој начин огласот сака да и помогне на жената да го слушне сопствениот инстинкт. Не настојува да ја притиска од надвор, туку работи на тоа да го разбуди тоа што е внатрешно. Таков секогаш бил пристапот на свети Хоземарија, бидејќи тој секогаш го гледаше доброто во другите, и така им пристапуваше на добар и атрактивен начин.

Еднаш кога гласот е разбуден, огласот продолжува со предлог за практична помош: „Ако сте се соочиле со несакана бременост, не мора да направите абортус, постојат и други опции“. Повторно, ние не кажуваме дека жената не смее да одбере абортус, што би провоцирало големи психолошки реакции, туку жената не смее да се почуствува дека и се наметнува таква одлука, ниту пак да ја донесе набрзина. Нудиме бесплатен телефонски број во огласот на кој жената може да се јави и разговара со советник и да добие бесплатна помош. Покажуваме почит кон нејзината слобода додека настојуваме да ја водиме во вистинскиот правец.

Ќе спомнам на кратко колку таквите огласи се ефективни. По бројот на повици од месец на месец во одредени региони, ги добивме следните податоци за нивниот пораст: Во Филаделфија на повикот одговориле 43 месечно, пред започнувањето на телевизиското огласување, а по емитувањето на огласот се зголемува на 1100 месечно. Во Орландо на Флорида бројот се зголемил од 15 месечно на 573, а во Минеаполис од 26 на 480.

Клучот за почеток на такво огласување беше истражувањето на психологијата меѓу просечните жени во денешното секуларно општество. Почнавме со тоа како тие гледаат на таа тема, а не нашето убедување „за живот“ (pro- life) и развивме порака која се заснова на тоа е потребно да го слушнат, а не тоа што ние треба да го слушнеме. Нели треба тоа да биде основа за плодна христијанска евангелизација?

Мислам дека Хоземарија многу бил заентересиран за изјавата на еден наш вработен за огласување, кој рекол: „Понекогаш ние кои размислуваме „за живот“ (pro- life) всушност повеќе ја сакаме својата порака отколку личноста на која и е потребно таа порака да ја слушне.“ Хоземарија Ескрива навистина ги сакал луѓето околу себе, од сите религии и оние без религија, и затоа бил така привлечен кај луѓето од сите националности и вери, и затоа неговата порака имала таков универзален прием.

Дозволете ми уште пократко да спомнам други интересни паралели помеѓу пристапот Керинг Фондацијата и учењето на свети Хоземарија.

2. Избегнувајте да ги „категоризирате“ луѓето

Хоземарија Ескрива не охрабрува да гледаме на секое човечко битие како на единствено Божјо дете. И интересно е да се забележи дека во почетокот основачот на Опус Деи немал име за апостолската работа која Бог му ја доверил. Не започнал со голема шема и посебно име, туку со интезивно служење на секоја човечка душа.

Керинг Фондацијата  избегнува да користи било какви категории во своите телевизиски огласи. Не користиме „за живот/за избор“ (pro-life/pro-choice) категорија, бидејќи ги поларизираат од луѓе. Се обидуваме да го направиме секој оглас како да се обраќаме на една личност. Истотака, не го промовираме нашето сопствено име, ниту бараме нашето име да се појавува во нашите огласи. Ние сакаме да допреме до жената во криза и не сакаме никаква промоција на нашата организација која би го земала вниманието од нашата цел.

Опус Деи е институција на Католичката црква со апостолско делување на сите пет континенти во кои учествуваат стотина илјади луѓе. Членовите на Опус Деи не дејствуваат во групи, туку како верници лаици се отворени и насочени кон другите луѓе. Во согласност со својата духовна слобода и одговорност, верниците промовираат различни активности кои ги спроведуваат со вистински христијански дух. Слично Керинг Фондацијата ја прошири својата порака на повеќе од 90 милиони возрасни и собрала преку 20 милиони долари – истовреме скоро додека уште никој не беше слушнал за нас. Ние не одржуваме никакви канцелариски конференции и не трошиме пари за самопромовирање. Токму како што сакал Хоземарија Ескрива, да се фокусира на душата, а не на корпоративниот идентитет, така и Керинг Фондацијата сака да се фокусира на жените кои треба да ја слушнат убедливата пораката „за живот“, а не својата сопствена промоција. Посебноста на Хоземарија е евангелизација преку личноста, интереакција еден на еден. Телевизијата е многу далеку од еден на еден комуникација, Керинг Фондацијата истотака избегнува било каква врска со политички активности. Избегнуваме давање оглас за време на политичка кампања и не дозволуваме нашите огласи да имаат врска со било која политичка партија.

3. Ангажирање во секуларниот свет

„Светот е добар, бидејќи Божјото дело е секогаш совршено, ние луѓето го правиме светот лош, преку нашите гревови.“ Пораката на Хоземарија Ескрива не е да го напуштиме секуларниот свет, туку да внесеме нова димензија во него:

„Повеќето луѓе имаат дводимензионален поглед на светот.“ Кога живеете надприроден живот, Бог ќе ви даде и трета димензија: висина, и со неа перспектива, тежина и волумен.

Во работите „за живот“ (pro- life), телевизијата и медиумите се гледаат како „непријатели“. Керинг Фондацијата избра да гледа позитивен потенцијал во силни медиуми и да ги искористи сите истражувања и софистицирани анализи кои се достапни, во борбата за правото на живот.

4. Во однос на последната точка, Хоземарија Ескрива не учи дека секој христијанин лаик е повикан на светост и да ја живее светоста во секојдневниот живот. Но ние не можеме да се посветиме на работа која е лошо направена. Ние мораме да се трудиме да бидеме професионалци на врвот во нашите професионални полиња, за да бидеме добар пример на другите и да дадеме поголема слава на Бог. Како што пишува Хоземарија Ескрива, „Не можам да видам интегритет во личности кои не се трудат да го достигнат максимумот на своите професионални способности и да вршат исправни задачи кои и се доверени. Не е доволно само да сакаме да направиме добро, ние мораме да знаеме како да го направиме доброто. И ако нашата желба е реална, ќе се покаже во напорот кој го правиме за да користиме исправни методи за да ја завршиме добро работата, да постигнеме човечко совршенство.“

5. Керинг Фондацијата не се потпира само на своите субјективни пресуди за било кој оглас. Ние не реагираме непромислено, бидејќи знаеме што е најдобро само затоа што нашите уверувања се исправни. Земаме професионалци на секој чекор од нашата работа, од истражување до продукција и понатаму. Ако ги земеме нашите задачи сериозно, веруваме дека мораме да ги преземеме и најдобрите можни извори за да создадеме професионален производ кој е максимално ефективен за спасување на живот.

Мислам дека многу луѓе можат да направат многу преку ваков пристап. Настојуваме да ја презентираме нашата порака на начин кој е убедлив за личноста која треба да го слушне и на начин на кој се извлекува најдоброто од него.

Категорија: Колумни, Сведоштва

За авторот

Write a Comment

<