Деканот на Кардиналскиот колегиум, кардиналот Џовани Батиста Ре, во својата проповед на „Светата Литургија за избор на Римски првосвештеник“ во базиликата Свети Петар во Ватикан пред почетокот на конклавата во среда, 7 мај 2025 година, се осврна на одговорноста што кардиналите избирачи кои ја имаат за Црквата и светот, нагласувајќи дека Папата е „секогаш апостол Петар кој се враќа“.
Во молитва за слегувањето на Светиот Дух
По Христовото вознесение, учениците беа постојани и еднодушни во молитва во очекувајќи ја Педесетницата.
„Токму ова го правиме сега, неколку часа пред почетокот на конклавата, под погледот на Дева Марија таму покрај олтарот, во оваа базилика каде што се издига гробот на апостол Петар“, истакна кардиналот Ре. „Тука сме да се молиме за поддршка од Светиот Дух, да молиме за Неговата светлина и Неговата сила, да го избереме Папата каков што е потребен на Црквата и човештвото во оваа тешка и сложена пресвртница во историјата.“
Изборот на Папата е процес на највисока човечка и црковна одговорност, во кој мислите и срцето мора да го имаат само Бог Исус Христос и благосостојбата на Црквата и човештвото.
Понизност и заедништво меѓу пастирите
Кардиналот Ре потсети на фактот дека Исус им ги изми нозете на апостолите, покажувајќи љубов служејќи им на другите, без да прави разлики, не исклучувајќи го ниту Јуда, кој требаше да го предаде.
„Христос посакува единство на Црквата; единство кое не значи униформност, туку цврсто и длабоко заедништво во различноста, под услов таа да остане целосно верна на Евангелието.“
Секој Папа е наследник на Свети Петар, на овој начин го претставува Христа на земјата и затоа е Христов намесник за универзалната Црква.
Изборот на Папата затоа не е само едноставна замена на лица, туку секогаш е „апостол Петар, кој се враќа“, рече кардиналот Ре.
Да молиме да продолжи низата на големите и свети Папи.
„Затоа да молиме од Светиот Дух, кој ни даде низа вистински свети и големи Папи во текот на изминатите сто години, за доброто на Црквата и човештвото, да ни дарува нов Папа по срце Божјо.“
Се молиме Бог да ѝ даде на Црквата Папа кој најдобро ќе може да ја разбуди совеста на сите, како и моралната и духовната сила во современото општество кое носи белег на голем технолошки напредок, но исто така има тенденција да го заборави Бога.
Да молиме Бог да ѝ даде на Црквата Папа кој најдобро ќе може да ја разбуди совеста на сите, како и моралната и духовната сила во современото општество кое носи белег на голем технолошки напредок, но исто така има тенденција да го заборави Бога.
„Денешниот свет очекува многу од Црквата во однос на зачувувањето на тие основни човечки и духовни вредности, без кои човечкиот соживот нема да биде подобар ниту благотворен за идните генерации.“
„Пресвета Дева Марија, Мајка на Црквата, нека се застапува за нас со своето мајчинско застапништво за Светиот Дух да ги просветли умовите на кардиналите избирачи и да им овозможи едногласно да изберат Папа потребен за нашето време“, заклучи тој.
Во 16:30 часот, обредот на влегување во конклавата и положувањето заклетва на кардиналите-изборници ќе се одржи во Сикстинската капела откако ќе биде испеана химната „Дојди, Создателу, Свети Духу“.
Ватикан њуз/к.мк