Да дозволиме Господ да не обликува
Ватикан, 17.5.2013 /к.мк/ – Не е проблемот што сме грешници, туку што не дозволуваме да се преобразиме преку љубовта Христова, е главната мисла на папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во петокот 17 мај, во капелата на домот Света Марта. На светата Литургија присуствуваа вработени од Ватиканските музеи.
Папата накратко проговори за неколку делови од светото Евангелие кои се однесуваат на свети Петар, од неговиот повик да го следи, до неговото исповедување дека Исус Христос е Божји Помазаник, па се до наговарање на Исус да не оди во Еруслаим за да не пострада, од храброста да употреби меч за да го одбрани Исус, до откажувањето додека три пати да запее петел и на крајот за неговите покајнички солзи и прекрасниот Исусов поглед на простување, кој што Исус му го упати на Петар, па до трикратното понизно признавање дека сепак го љуби и дека тој се знае.
Три пати повторено прашање – Дали ме љубиш? – го ражалостува Петар, но тоа сме сите ние, бидејќи сме грешници, истакна папата Фрањо и нагласи: не е проблемот во тоа што сме грешници, туку што не се каеме за гревот, што не се срамуваме од него, од она што сме го направиле. Петар и свесен на својот грев и од се срце се покајува и тоа го носи кон нова средба со Исус, а тоа е средбата на простување.
Потоа Светиот Отец истакна дека Господ не го заборава своето ветување. Имено на Петар му рече дека е карпа, а сега го повикува да го пасе неговото стадо. Господ на грешник му го доверува своето стадо. Петар беше грешник, но не беше расипник, што би важело за нас. Поврзано со тоа папата Фрањо раскажа една случка за тоа како на еден исповедник му пристапува еден свештеник, кој требало да стане епископ, но се чувствувал недостоен, а на тоа исповедникот му вели: Не плаши се. Ако Петар можеше да стане Папа, оди напред. Така постапува Господ, ни дава да созреваме во средбите со него и покрај сите наши слабости и гревови, и ако ги признаваме.
Папата го објасни: Петар дозволи да го обликува средбата со Исус, а тоа важи и за сите нас. Петар е голем, не затоа што е добар, туку затоа што беше благороден, со благородно срце, што го води до болка и солзи, до срамување, но и до одговорно превземање да го пасе стадото, истакна Светиот Отец и ги поттикна присутните да се молат за благодат Господ постојано да не очистува на средбите со него и да ни помогне да чекориме напред настојуваќи да го сретнеме и вистински да се сретнеме со Него.
На крајот Светиот Отец истакна: но поважно од средбата со Господ е да му дозволиме Тој да не сретне, бидејќи тој постојано не бара и ни е близу. Ние пак честопати гледаме на другата страна, немама желба да разговараме со Господ, ниту пак му дозволуваме да не сретне. Да му дозволиме да не сретне е вистинска благодат. На тоа не учи Петар, па да молиме за таа благодат, заврши Светиот Отец. (СиМ+го*ко)