Во пресрет на празникот Свети Петар и Павле, папата Фрањо во аудиенција ја прими делегацијата на Вселенската цариградска патријаршија, предводена од митрополитот Емануел. КОВИД е зло, рече Папата, но и лекција за понизност за здрав живот во болниот свет
Драги браќа, зарем можеби не дојде часот кога, со помош на Духот, би требало да се даде уште еден поттик на нашето одење со цел да се отстранат старите предрасуди и конечно да се надмине штетното ривалство? – праша папата Фрањо во говорот пред делегацијата на Вселенската цариградска патријаршија, предводена од митрополитот Емануел, која ја прими на 28 јуни 2021 година како дел од традиционалната размена на делегации за прославување на патронатите: 29 јуни во Рим за празникот на светите Петар и Павле , и на 30 ноември во Истанбул за празникот на Свети Андреј.
Поттикнат од драматичната криза предизвикана од КОВИД-19, што е зло – како што рече Папата – но исто така и камен на искушение кој се наметнува при изборот на работите кои треба да продолжат да се прават и оние кои не треба да се прават во иднина. Што се однесува до полното заедништво, пред православните браќа постави избор, постојат два начина – рече Папата – начин да се свртиме кон себеси, во потрага по сопствена безбедност и можности, или начин на отворање кон другите, со опасностите што ги носи, но најмногу со плодовите на благодатта гарантирано од Господ.
Полошо од оваа криза би била единствено можноста да не се искористи – забележа Папата и објасни – не научувајќи ја лекција за понизноста, која нѐ учи дека не е можно да се живее здраво во болен свет и да се продолжи со сѐ како некогаш, не сфаќајќи што претходно не било добро.
И сега големата желба да се врати во нормала може да ја прикрие бесмислената желба уште еднаш да се потпреме на лажна безбедност, навики и проекти чија единствена цел е да заработиме и да ги оствариме сопствените интереси, не грижејќи се за планетарните неправди, плачот на сиромашните и лошото здравје на нашата планета. Кризата наметнува суд, раздвојување од она што е добро и она што е лошо, како земјоделец кој ја одвојува добrата пченица од плевелот, кој се фрла – истакна папата Фрањо.
За христијаните на патот кон полно заедништво, станува збор повторно да се појде од основата и да се прашаат како сакаат да продолжат: со стари предрасуди и штетното ривалство или уривање ѕидови и отворање на нова фаза во односите меѓу нашите Цркви, обележана со заедничко одење, со желба да се направат вистински чекори нанапред и вистинско чувство на одговорност едни за други?- праша Папата и додаде дека секогаш треба да се земат предвид разликите што треба да се надминат преку дијалог, во љубов и вистина.
На крајот преку присутните, Папата испрати срдечен поздрав до патријархот Вартоломеј, кој не можеше да допатува во Рим. Го чувствувам како вистински свој брат – рече папата Фрањо, кој секогаш ја истакнува поврзаноста со православниот патријарх.
Ватикан њуз/к.мк