Шпанец гради катедрала со сопствени раце (+ВИДЕО)

„Кога започнав луѓето мислеа дека сум луд.“

Шпанецот Хусто Галего Мартинез е роден во 1925 година, бил монах трапис, но морал да го напушти монашкиот ред затоа што заболел од туберколоза. Се заветил на Пресвета Богородица од Ступа кај Сарагоса, дека ако оздрави сам со свои раце ќе направи црква.

Оздравел и започнал да ја гради црквата во Мадрид. Црквата ја гради веќе 53 години. Денес Мартинез има 90 години и неговата „катедрала“ во поголем дел е завршена.

„Кога започнав да градам луѓето мислеа дека сум луд. Ме исмеваа. Среќен сум што им покажав што може човек да направи кога верува во Христос“, раскажува Мартинез во оваа видео.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот