Грижата за старите луѓе е важна за новите генерации

Грижата за старите луѓе е важна за новите генерации

Историја на семејството, заедницата, народот! – е темата на видео пораката на Папата со молитвената накана за месец декември. Станува збор за силен повик за старите луѓе и нивната мудрост да се грижиме, а не да ги заборавиме.

Потсетувајќи се на светата Литургија која на 28 септември 2014 година на плоштадот Свети Петар ја славеше заедно со стари лица, во текот на која се осврна на средбата на младата Марија со старата и мудра Елисавета, Папата во видео пораката повторно истакна дека народот кој не се грижи за старите луѓе и кои со нив не постапува убаво, е народ кој нема иднина!

Немарноста и рамнодушнста кон старите во нашето општество, за што зборува Папата, се прикажани во видео пораката сцени од градскиот живот. Тројца стари луѓе шетаат во една од нашите метрополи во целосно невнимание од луѓето. Нивните чекори ги водат во една просторија каде заедно започнуваат да свират.

Старите луѓе – вели папата Фрањо – имаат мудрост. На нив им е доверено да го пренесуваат искуството на животот, историјата на семејството, заедницата, народот. Тоа е токму она што триото од видео порака го прави преку музиката. Само едно момче застанува и ги слуша. Привлечен од музиката, влегува во просторијата и со својот саксофон се придружува на старите музичари следејќи го нивниот ритам и мелодија.

Тоа е пренесот на културата и воспитанието. И од тука доаѓа молитвената накана за овој месец. Да не ги заборавиме нашите стари луѓе – е поттикот на папата Фрањо – со помош на семејствата и институциите со својата мудрост и искуство да соработуваат во воспитувањето на новите генерации.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот