Го видов своето дете во прегратките на Исус
Загубата на дете може да предизвика страшни последици кај жената. Грижата на совест се вовлече кај мене и ги уништуваше моите емоции, телото и духот. Долго после абортусот се јавуваа сеќавања и го уништуваа мојот мир. Прогонот стана мој постојан непријател. Сакав да побегнам самата од себе и да го избришам тој момент од мојот живот. Но што повеќе бегав сѐ ми беше поблиску.
Се сеќавам еднаш во еден ресторант кој ми ги врати сеќавањата, седев и ги гледав луѓето, а во себе ја чувствував смртта. Смртта ме следеше како сенка. Се плашев од нова бременост и се обидував да се заштитам на различни начини. Ги користев сите можни контрацепциски средства од кондоми, таблети до смртоносните спирали.
Две години после абортусот повторно забременив. После комплицираното породување стравот од нова бременост сѐ повеќе растеше. Додека го доев второто дете останав бремена со трето односно со четвро, бидејќи пред абортусот родив едно, му благодарам на Бог, живо дете. Мојата душевна состојба беше сѐ полоша и полоша. Со радост и шега бегав од вистината. Имав голем број пријатели кои ме познаваа и ме прифаќаа само надворешно. Бракот падна во криза и повеќе покрај себе не ги чувствував како пријателите, туку луѓе кои ме обвинуваа, бидејќи не можев самата да ја прифатам сопствената вина. Љубовта почна да оладува, а омразата и осветата заземаа прво место во моето срце. Сакав некако самата на себе да се осветам. Секој нов ден беше нова мака од која не можев да излезам. Докажував сѐ на погрешен начин и самата себе сум се казнувала. Чувствував отфрленост не можев да ги сакам своите деца. Ми станаа терет. Барав разни начини за да го задоволам и оживеам мртвиот дел од мене.
Кога почнав да тонам во очај и безнадежност се појави светло во мојот живот. Го пронајдов ИЗВОРОТ КОЈ БЕШЕ ОТВОРЕН И ЧЕКАШЕ ДА ПРУЖАМ РАКА И ДА СЕ НАПИЈАМ ЖИВА ВОДА. Еднаш вкусив и уште ја чувствувам сласта на БЛАГОДАТИТЕ БОЖЈИ. После тоа мојот живот доби смисла ја пронајдов личноста на која можев да и ја искажам болката, а да не ме осуди, туку да ме подигне меѓу живите. Се одреков од контрацепцијата, се исповедав, се покајав и одлучив да живеам поинаку. Не ми беше лесно, но чувството на радост после исповедта и Причеста секогаш ми даваше сила да одам напред. Ми беше тешко да се помирам со минатото и да си простам себе си. Секој нов ден добивав нова сила.
Следуваше тежок момент. Кога сакав повторно да забременам после 9 недела имав спонтан абортус. Собрав храброст и пријатели за да молат за мене. Ја предадов својата крв на Исусовата крв и храбро тргнав на масата. Болката беше силна, а жртвата која ја предадов и ја соединив со Исусовата крв ми даваше сила и надеж дека мојата жртва има смисла и дека не трпам сама. Убаво е кога имаш рака која цврсто те држи во болката… Тоа беше физичка болка, а уште посилна останува душевна болка.
На еден семинар таа душевна болка ја предадов на Исус и го молев во своето Царство да ја прими душата на моето дете. Само кога сум со вера го видов своето дете во прегратките на Исус бев сигурна дека тоа дете повеќе не е само, туку во заедништво со Ангелите.
Сега стравот го заменив со желбата повторно да забременам. Сѐ повеќе сакав бебе и после една година повторно забременив. Бев радосна и никогаш до тогаш не уживав толку во бременоста. Мојата радост не траеше долго, само до 7 недела. Следуваше повторно спонтан абортус. Раните повторно се отворија и крвавата болка не е лесно да се совлада. Лежев дома една недела и гледав како моето дете полека преку крв излегува од мене. Останав сама во болката, единствена утеха ми беа пријателките кои со мене ја делеа мојата мака. Сакав да ги заштитам своите деца од таа болка – сокривајќи ја маката. Ја сокрив болката, а последиците не.
Паднав во депресија, загубив волја за работа, а насмевката ја криеше болката. Сопругот физички беше покрај мене, но јас не ја чувствував неговата близина. Не можев да му простам што во таа болка ме остави два дена сама, а тој отиде со пријателите во друга држава. Ноќите ми беа долги и тешки, а креветот толку ладен и празен. Единствена утеха ми беа надежта и верата дека Исус е со мене. Телесно се борев против силните болки, а душевно против грижата на совест. Тешко ми е да објаснам која беше посилна телесната или душевната. Докторот советуваше киратажа, отидов на семинар, на исповед и дадов света Литургија молејќи го Исус да ме ослободи од стравот на киратажа. Господ направи чудо не само што ме ослободи од стравот туку ме заштити од стругање и маките кои жените ги поминуваат стругајќи по матката. После два дена отидов на контрола. Влегувајќи во ординацијата сестрати ми вели дека докторот мора малку да исчисти дека нема да боли. Јас се насмеав и реков: Ќе видиме. Тешко е да се сведочи за Исус на луѓе кои не веруваат дека Исус е жив и дека и денес го оздавува својот народ. Им дозволив да се уверат сами. Влегов кај лекарот и со ултразвучен преглед заклучи дека не е потребно „чистење“. ЗАЧУДЕНО РЕЧЕ: ОВА Е ЧУДО. Многу денес не веруваат кога им сведочам, но тоа мене не ми е важно. Важно ми е да веруваат оние за кои е можно само рационално, гледајќи го невозможното за нив се отвора нова врата, а низ неа не се влегува со знаењето, туку со вера.
Помина повеќе од една година од тогаш. Луѓето различно регираат колку им се срцата отворени толку можеа да разберат. Не ми е важно луѓето да разберат, сакам само да сведочам за Божјата доброта и семоќност и за човечката ограниченост. Многу денес мислат дека абортусот не остава последици и со нетрпение без размислување влегуваат во предбрачни односи. САМО ЖЕНАТА ЈА ЗНАЕ БОЛКАТА КОГА ГЛЕДА ДЕЛ ОД СЕБЕ КОЈ ЖИВЕЕ ОДЕДНАШ НА МАСАТА СТОИ БЕСПОМОШЕН. А МОЖЕБИ НЕЖНАТА ДЕТСКА РАКА ЈА ДРЖИ МАЈКАТА ЗА РАКА И НЕ САКА ДА СЕ ОДВОИ.
Снежана
Извор: Стоп абортус/Превод:Д.И.