Говорот на Светиот Отец до палотинците

Говорот на Светиот Отец до палотинците

На 10 октомври 2016 година Светиот Отец се обрати до Генералниот капитул на Дружбата на католичкиот апостолат или палотинци. Тој ги поттикна да го продолжат патот кој го одбележа нивниот основач свети Винко Палоти.

Говорот на Светиот Отец до Дружбата на католичкиот апостолат или палотинци во пренесуваме во целост:

Драги браќа и сестри, добредојдовте!

Со радост ве примам и ви посакувам добредојде по повод вашиот 21. Генерален капитул. Срдечно ве поздравувам, а на отецот генерал му благодарам за срдечните зборови. Својот поздрав го упатувам и до сите членови на Дружбата на католичкиот апостолат како и на сите кои ја делат харизмата на свети Винко Палоти. Тој стана сјајна и инспиративна светлина во Црквата. Неговата харизма е скапоцен дар на Светиот Дух затоа што поттикнувал и поттикнува разни облици на апостолски живот и ги повикува верниците активно да се вклучат во евангелското сведочење.

Вашиот основач сфатил – за да се живееме во заедништво со Бог – е потребно во центарот да се стави Исус Христос, „божествениот модел за целиот човечки род“ (Собрани дела II стр. 541). Во оваа Света година на милосрдието би сакал да спомнам дека свети Винко Палоти имал дар на признавање на Исуса како апостол на Отецот богат и исполнет со милосрдие. Он е Тој кој го исполнува своето послание навестувајќи ја на сите нежната љубов на Отецот и неговото бескрајно милосрдие. Тоа таинство на Божјото татковство кое Тој го отвора за секој човек преку делувањето на својот Син, срцето му е исполнето со љубов и сочувство, добива посебно значање во нашето време. Пред нашите очи секојднево се одигруваат сцени на насилство, немилосрдни лица и скаменети и суви срца. Треба да се сетиме на Отецот чие срце мисли на сите и сака спасение за секој човек. Милосрдието е „сила која победува сѐ; срцето ни го исполнува со љубов и го утешува со прошка.“ (Була Misericordiae Vultus, 9)

Размислувањата на вашето Генерално собрание се насочени кон следните зборови на вашиот основач: „Основното правило на нашата најмала Дружба е животот на Господ наш Исус Христос за да го наследуваме со понизност и доверба со својата можна совршеност во сите дела на сокриен живот и евангелската служба.“ (Собрани дела III стр. 40). Во светлината на тие вредни насоки секој член на Палотинското семејство е повикан како темел на своето постоење да ја постави личноста Исус Христос, наследувајќи Го верно.

Гледајќи го Исусовиот живот и гледајќи го својот живот како поклоник на овој свет со толку многу предизвици, чувствуваме потреба за длабоко преобраќање и итност за оздравување на верата во Него. Дури тогаш на ближниот можеме да му служиме со љубов! Секој ден сме повикани да ја обновиме довербата во Христос и од неговиот живот да црпиме вдахновение за да ја исполниме својата мисија затоа што „Исус е првиот и најголемиот евангелизатор. Во било кој облик на евангелизација, приматот секогаш му припаѓа на Бог кој сака да нѐ повика на соработка со Себе и да нѐ вдахне со силата на својот Дух.“ (Радоста на Евангелието, 12)

Драги браќа, ве поттикнувам својот пат да го продолжите со радост и надеж, заземајќи се со целото срце и со целата сила, за харизмата на вашиот основач – и во нашето време – да вроди обилни плодови. Тој повторувал дека повикот на апостолат не е чуван за некои, туку е упатен до сите „без оглед на нивната состојба, услови, професија или среќа; сите можат да учествуваат“ (Собрани дела IV, стр. 346). Унијата на католичкиот апостолат која е носителка на харизмата на свети Винко Палоти дава многу простор и отвора нови хоризинти за учество во посланието на Црквата. Заради тоа е повикана да работи со обновена сила за да ја разбуди верата и повторно да ја запали љубовта – посебно меѓу најранливата популација, духовно и материјално бедна. Во темите го продлабочивте примерот на многу од своите браќа веродостојни сведоци на Евангелието кои својот живот го посветиле на служење на другите. И јас ги познавав за време на своето пасторално делување во Арентина и ги чувам со благодарно сеќавање.

Би можеле на сите да ни помогнат оние со кои се среќаваме во својата служба за да се открие неизмерната љубов Божја во нашиот живот. По стапките на свети Винко Палоти кој и самиот се сметал за чудо на Божјото милосрдие и кој напишал: „О, мој Исусе во тебе блеска незамислив вишок на твојата бескрајна љубов и твоето бескрајно милосрдие“ (Собрани дела XIII стр. 169).

Ве доверувам сите под заштитата на Пресвета Марија која свети Винко Палоти посебно ја почитувал како Царица на апостолите. Таа е ефикасен пример на апостолската ревност и совршеното милосрдие и нѐ повикува без престан да молиме за да ги измолиме даровите на Светиот Дух за денешните апостоли, за евангелието на неговиот Син да се навестува во секој дел од светот. Посакувајќи ви ги најдобрите плодови од заседанието на вашето собрание и самиот се препорачувам во вашите молитви и од срце ви го поделувам апостолскиот благослов.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот