Говорниот стил на папата Фрањо допира до срцето на секој

Ватикан, 21.5.2013 /к.мк/ – Говорниот стил папата Фрањо е најсоодветен за социјалните мрежи изјавија неговите соработници задолжени за медиуми. Неговите говори се фокусираат на важното, тие се директни и користи многу споредби кои допираат до луѓето. За Твитер тоа е идеално, рече Паул Тиге, секретар во Папскиот совет за средства за социјална комуникација во интервју за католичката агенција СИР.

Проповедите и говорите на папата Фрањо се состојат од кратки реченици кои се поделени во три точки, забележува Тиге. Тоа е негова метода на поучување, како да сака да каже: во оставам три збора, три совета, три импулси за размислување, изјави ватиканскиот експерт за медиуми. Папата на луѓето собрани на плоштадот Свети Петар секогаш им се обраќа „како да говори на секој посебно“. Така допира до срцето на секој поединец.

На Твитер профилот @Pontifex веќе има 6,4 милиони приматели на кратки пораки на девет јазици. Пораките на англиски и шпански јазик ги добиваат по 2,5 милиони твитер корисници. Околу 740.000 лица ги примаат пораките на италијански јазик, 325.000 на португалски, 140.000 на француски и околу 105.000 на германски јазик. Расте бројот на приматели на полски и арапски јазик, додека бројот на корисници на латинскиот јазик се искачи скоро на 100.000. За Тиге тоа е изненадување, но истовремено и истакнува дека „зборовите на Папата на латински помагаат за трезвено и исправно толкување на пораката!“

Присутноста на папата на Твитер започна со Бенедикт XVI, кое со тек на времето се покажа како „провидност од небо“, рече Тиге. Папата Фрањо одлучи да продолжи со праксата, а сега пораки испраќа скоро секој ден, истакнувајќи дека христијанинот е верник кој го живее Евангелието секој ден, секогаш и насекаде.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<