„Ги посетувам затвореници и ги учам да ја сакаат Бројаницата“
Папата Фрањо минатата година ја отвори Светата година на Божјото милосрдие, но за Тери Саманиего од Аризона ова милосно време започна пред три години кога во парохиската црква Свети Фрањо Ксавер во Јужен Феникс го здогледала летокот кој ги повикувал верниците да се вклучат во волонтерската програма за посета на затворениците.
-Кој умре од Исусовата десна и лева страна? Затвореници. Што ми зборува Тој? Посети ги моите затвореници! Благословена сум што можам да го направам тоа и да ги посетувам затворениците – рече Саманиего која на своите нови пријатели од државниот затвор во Goodyear не им сокрива апсолутно ништо од своето минато, туку искрено признава дека и самата можела таму да заврши.
„Разликата меѓу вас и мене е во тоа што вас ве фатиле“, отворено истакнува во разговорите со затворениците, прераскажувајќи им како токму како нив времето го поминувала во ноќните барови конзумирајќи различни опијни средства.
-Причината поради која не ме фатија е тоа што некој го раскина мојот ланец и рече „Доста беше забава и пиење“ вели Саниего во разговор за Catholic Sun шеговито додавајќи дека некогаш ги посетувала баровите, додека сега ги посетува црквите.
Неделната света Литургија не ја пропушта, а секоја ноќ се буди во 2 часот за да моли света Бројаница.
-Ќе ја измолам Бројаницата и потоа се враќам в кревет. После тоа слушам света Литургија на ЕВТН. Така започнува мојот ден. Моето утро мора да започне со Господ – објаснува оваа Американка која љубовта кон Бројаницата настојува да ја всади и во затворениците кои ги посетува секој четврток патувајќи речиси сто километри. Посебно се трогателни моментите во поединечните разговори во кои затворениците зборуваат за својот живот, семејството, децата… Тоа е момент во кој Бог преку оваа едноставна жена прозборува за своето милосрдие.
„Не е важно колку е тежок нашиот грев. Исус нè сака без оглед на тоа. Може да изгледа дека не е така, но е така“, се зборовите кои ги упатува на затвореници од кои многумина се осудени и за тешки кривични дела.
-Да го донесуваме Бог во затворот. Да одиме таму и да молиме едни за други. Да бараме прошка и да учиме едни од други – рече Саманиего.
Ваквиот пристап на таквите жени им отвора сосема нова перспектива – им го отвора погледот во небото!
Битно.нет/к.мк