Генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц во посета на Радио Марија

Генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц во посета на Радио Марија

Во петок 21 јули 2023 година Радио Марија во Струмица го посети генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц, и г-дин Мартин Ленц, придружувани од директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов и координаторот на Македонски Каритас г-дин Спасе Спасов.

Во пријатна и срдечна атмосфера о. Гоце Костов, директор на Радио Марија ги запозна гостите со работата на радиото, условите за работа, програмската шема, како и за важноста на медиумите и нивната улога за доброто на општеството.

Во оваа прилика директорот на Радио Марија направи разговор со генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц, кој e емитуван на Радио Марија.

Гостите исто така ја посетија и парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крсител“ во Струмица и беа запознати со пасторалната работа на парохијата.

Категорија: Македонија

За авторот