Генерална аудиенција: Синодата не е парламент, туку место каде делува Светиот Дух

На Генерална аудиенција во среда 10 декември 2014 година на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец рече дека го заврши циклусот катехези за Црквата: Му благодарам на Господ затоа што ни овозможи да ја откриеме убавината и одговорноста на припадноста на Црквата. Сега започнуваме нов циклус – продолжи Папата – а тема е семејството, бидејќи многу добро се вклопува во периодот помеѓу двете Синоди за семејството. Пред да започнеме да зборуваме за разните аспекти од семејниот живот, денес имам намера да зборувам за последната Синода на која се расправаше за пасторалните предизвици за семејството во контекст на новата евангелизација.

Средствата за информирање во текот на Синодата ја извршуваат својата работа, им благодарам за опширното информирање – очекувањата беа големи, а вести имаше многу благодарение на Канцеларијата за печат каде што секој ден се одржуваше брифинг за новинарите. Средствата за информирање често известуваа за Синодата како за некој спортски настан, натпреварување помеѓу две спротивставени екипи: конзервативци против прогресивци. Денес затоа сакам да зборувам за работата на синодските оци – истакна папата Фрањо.

Пред сè, синодските оци ги охрабрив слободно и смело да зборуваат и понизно да слушаат; без страв да зборуваат за она што им е на срцето. Секој можеше и требаше да го каже она што го носи во срцето, што искрено го мисли. Знаеме како апостолите се расправале жестоко. Викале еден на друг; викале бидејќи сакале да ја откријат Божјата волја во врска со паганите; дали може паганите да ги примат во Црквата – рече Папата.

Секогаш кога се бара Божјата волја се манифестираат разни мислења и жива расправа на некое синодско собрание, не е тоа лошо ако се одвива во понизност и добронамерно. Не би било добро да не може слободно да се зборува. Затоа секој можеше и требаше јасно да каже она што го мислел – објасни Светиот Отец.

По воведното излагање на кардинал Ередо, синодските оци можеа да зборуваат и да слушаат. Смирено се однесуваа, секој без да се двоуми зборуваше знаејќи дека никој нема да му замери. Расправите се водеа врз основа на „Работниот документ“. Му благодарам Секретаријатот на Синодата за големата работа пред и во текот на Синодата беа навистина одлични – рече Папата.

Никој не ги доведе во прашање темелните вистини за светата Тајна женидба: неразрешливоста, единството, верноста и отвореноста за живот. За тоа не се расправаше – нагласи Светиот Отец. Сите зборуваа обединети во извештајот по расправата. А кардинал Ердо го подготвуваше Извештајот, поделен во три точки: контекстот и предизвиците на семејствата; поглед закотвен во Христа и Евангелието на семејствата; соочување со пасторалните перспективи – објасни Папата додавајќи: Во Извештајот се расправаше во четири групи. Секоја група на крајот го презентираше сопствениот извештај, кои веднаш се објавени за да се запознаат сите со нив, ништо не беше тајно – рече Папата.

Синодската Комисија ги проучуваше сите предлози на групите и го подготвуваше Завршниот извештај. Извештајот го пичитуваше претходната шема: контекстот на реалноста, погледот закотвен во Евангелието и пасторалното заземање. По обичај усвоена е Завршната порака на Синодата, кратка и прифатлива во однос на Извештајот – рече Папата.

Некој би можел да ме праша: „Дали се караа синодските оци?“ Караница немаше, но гласно зборуваа, беше бучно. Во Црквата сите се слободни, а сè се одвиваше „со Петар и под Петар“(„cum Petro et sub Petro“), односно во присуството на Папата која ја гарантира слободата и правоверноста. На крајот од Синодата концизно зборував за синодското искуство – истакна Светиот Отец.

Од Синодата излегоа три службени документи: Завршна порака, Извештај и заклучниот говор на Папата, други нема. Заклучниот Извештај ги обединува претходните размислувања на епископите: сега, вчера пак е објавено и се испраќаат по сите Епископски конференции прашања за следната редовна Синода за семејството во октомври 2015 година. Повторувам вчера е објавен прашалникот за Епископските конференции како насоки за следната Синода – потсети Папата.

Завршувајќи го говорот за Епископската синоди, Папата повтори дека Синодата не е некој парламент, туку место заштитено за да може да делува Светиот Дух. Немаше конфликти помеѓу различните партии, што е природно за некој парламент; епископската расправа следуваше по долга подготвителна работа која сега ќе продолжи подготвувајќи ја редовната Епископска Синода за семејството – рече Светиот Отец.

Тоа е Епископската синода и како таква ја доверуваме на заштита на Дева нашата Мајка. Нека таа ни помогне да ја следиме Божјата волја во изборот на пасторалните одлуки кои ќе го зајакнат семејството. Ве молам со својата молитва да ја поддржувате подготовката за следната Синода. Господ нека нè просветли во нас да созрее она што како Синода треба да го кажеме на сите Цркви – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот