Генерална аудиенција: Псалмите ни помагаат да не ја осиромашуваме молитвата сведувајќи ја само на барања

Генерална аудиенција: Псалмите ни помагаат да не ја осиромашуваме молитвата сведувајќи ја само на барања

На Генералната аудиенција, папата Фрањо зборуваше за библиските псалми, нарекувајќи ги „песни“ вдахновени од Духот и кои Он ги стави „на усните на Свршеницата“. Понекогаш тие отсликуваат историска ситуација, истакна Папата, но „нема состојба на духот или потреба“ во која тие не ни доаѓаат на помош со тоа што нè воведуваат во таа „величествена оркестрација која е општеството на светци“. Катехеза на Папата ја пренесуваме во целост.

ПАПА ФРАЊО

ГЕНЕРАЛНА АУДИЕНЦИЈА

Плоштад Свети Петар

среда, 19 јуни 2024 година

СЕРИЈА КАТЕХЕЗИ: ДУХОТ И СВРШЕНИЦАТА. СВЕТИОТ ДУХ ГО ВОДИ БОЖЈИОТ НАРОД КОН ИСУС, НАШАТА НАДЕЖ

  1. Духот ја учи Свршеницата да моли

Псалми, симфонија на молитвата во Библијата

Читање: Колосјаните 3,16-47

Словото Христово изобилно нека се всели во нас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши! И сè што вршите со збор или со дело, вршете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!

Во текстот што следи се вклучени и непрочитани делови кои исто така се претставени како да се изговорени.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Подготвувајќи се за следниот јубилеј, повикав 2024 година да биде посветена на „големата „симфонија“ на молитвата“ [1]. Со денешната катехеза сакам да потсетам дека Црквата веќе има молитвена симфонија чиј композитор е Светиот Дух, поточно Псалмите.

Како и во секоја симфонија, така и во оваа книга има различни „движења“, односно различни видови молитва: пофална, благодарна, прозба, оплакување, раскажување, мудро размислување и други, како во лична форма, така и во хорска форма на целиот народ. Тоа се песни кои самиот Дух ги стави на усните на Свршеницата, неговата Црква. Сите книги од Библијата, потсетив минатиот пат, се вдахновени од Светиот Дух, но и Книгата Псалми е вдахновена во смисла дека е полна со поетско вдахновение.

Псалмите имале привилегирано место во Новиот завет. Всушност, имало и сè уште има изданија кои ги содржат Новиот Завет и Псалмите заедно. На мојата маса го имам украинското издание на тој Нов завет и Псалмите на еден војник загинат во војната, кои ми ги испратија. И тој се молел на фронтот со таа книга. Христијаните, а уште помалку современиот човек, не можат да ги повторат и да ги направат свои сите псалми или сѐ од псламите. Тие понекогаш одразуваат историска ситуација и верски менталитет кој повеќе не е наш. Ова не значи дека тие не се вдахновени, туку дека во одредени аспекти се поврзани со временската и привремена фаза на објавата, како што исто така е голем дел од древното законодавство.

Она што најмногу ни препорачува да ги прифатиме псалмите е тоа што тие биле Исусова молитва, молитва на Марија, молитва на апостолите и сите христијански генерации кои ни претходеа. Кога ги изговараме, Бог ги слуша со таа грандиозна „оркестрација“ кое е општеството на светците. Според Посланието до Евреите, Исус влегол во светот со стихот од псалмот во срцето: „Ете, идам, напишано е за Мене во почетокот на книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја.“ (сп. Евреите 10,7; Псалм 39,7-8); и го напушта светот, според Евангелието од Лука, со друг стих на усните: „Оче, во твоите раце го предавам мојот дух“ (Лука 23,46; сп. Псалм 30,5).

Употребата на псалмите во Новиот завет следи од фактот што ги користеле отците и целата Црква, што ги прави постојан елемент во празнувањето на Светата Литургија и во Литургијата на часовите. „Целото Свето Писмо ја зрачи Божјата добрина – вели свети Амвросиј – а особено слатката книга Псалми“ [2], слатката книга Псалми. Се прашувам: дали понекогаш ги молите псалмите? Земете ја вашата Библија или Новиот завет и молете некој псалм. На пример, кога сте малку тажни поради гревот, дали го молите Псалм 50? Има многу псалми кои ни помагаат да одиме напред. Стекнете навика да молите од псалмите, ве уверувам дека на крајот ќе бидете среќни.

Но, не можеме да живееме само од наследството на минатото: неопходно е псалмите да станат наша молитва. Напишано е дека, во одредена смисла, мораме самите да станеме „автори“ на псалмите, да ги направиме свои и да ги молиме [3]. Ако постојат псалми, или само стихови, кои зборуваат на нашето срце, добро е да ги повторуваме и да ги молиме во текот на денот. Псалмите се молитви „за сите времиња“: нема состојба на духот или потреба што не ги наоѓа во нив најдобрите зборови за да ги претвори во молитва. За разлика од сите други молитви, псалмите не ја губат својата делотворност со нивно повторување, напротив, ја зголемуваат. Зошто? Бидејќи тие се вдахновени од Бога и „дишат“ од Бога, секогаш кога се читаат со вера.

Ако се чувствуваме потиснати од грижа на совеста и вина, бидејќи сме грешници, можеме да повторуваме со Давид: „Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост“ (Псалм 50,1). Ако сакаме да изразиме силна лична врска со Бога, велиме: „Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна?“ (Псалм 62,1). Не без причина Литургијата го вклучи овој псалм во утринската молитва за неделите и празниците. Ако нè нападнат страв и вознемиреност, прекрасни зборови од Псалм 22 ни доаѓаат на помош: „Господ е пастир мој […]. Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото “ (Псалм 22,1,4).

Псалмите ни озвоможуваат да не ја осиромашуваме нашата молитва сведувајќи ја само на барања, постојано „дај ми, дај ни…“. Да учиме од молитвата Оче наш, во која пред да се побара „лебот наш насушен“ се вели: „да се свети името твое, да дојде царството твое, да биде волјата твоја“. Псалмите ни помагаат да се отвориме за молитва која помалку е фокусирана на нас самите: молитва за пофалба, благослов, благодарност; и тие исто така ни помагаат да станеме глас на целото создание, вклучувајќи го и во нашата пофалба.

Браќа и сестри, Светиот Дух нека ни помогне, кој на Црквата Свршеница и даде зборови да се моли на нејзиниот божествен Свршеник, денес нека одекнат во Црквата и оваа година на подготовка за јубилејот да биде вистинска молитвена симфонија. Ви благодарам!

[1] Писмо на монс. Физикела за Јубилејот 2025 година (11 февруари 2022 година).

[2] Коментар на Псалмите I, 4, 7: CSEL 64,4-7.

[3] Иван Касијан, Conlationes, X,11: SC 54, 92-93.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот