Доминантна логика е стратегијата на најмоќните држави за остварување на сопствените интереси. Ова го рече папата Фрањо во катехеза на Генералната аудиенција посветена на неговото патување во Малта. Малта го претставува правото и силата на малите народи кои треба да ја продолжат логиката на почит и слобода, спротивно на колонизацијата на најмоќните.
Папата Фрањо на Генeралната аудиенција во среда 6 април 2022 година се осврна на своето апостолско патување во Малта и ги повтори зборовите со кои евангелистот Лука, во Делата на светите Апостоли, го опишува начинот на кој Павле бил примен по бродоломот: „необична човекољубивост“. Овие зборови Папата ги избра како мото на неговото поклонение, бидејќи тие го покажуваат патот што треба да се следи, не само за да се соочиме со појавата на миграцијата, туку воопшто да го направиме светот побратски, подобар за живот и да се спаси од „бродлом“ кој се заканува на сите нас, како што научивме, сме во ист кораб.
Преовладува логиката на најмоќните држави
Малта – според Папата – е клучно место, поради нејзината географска положба во срцето на Медитеранот, каде што се среќаваат народите и културите. Денес често зборуваме за „геополитика“, но доминантна логика, за жал, е стратегијата на најмоќните држави да ги остварат своите интереси со проширување на економско, или идеолошко или воено влијание; тоа го гледаме тоа со војната“, забележа Папата. Во овој контекст, Малта го претставува правото и силата на малите народи, но богати со историја и цивилизација, кои треба да промовираат поинаква логика: онаа на почит и слобода, дружељубивост на различностите, спротивно на колонизацијата на најмоќните. Сега можеме да го видиме тоа. И не само од едната, туку и од другата страна. По Втората светска војна се направи обид да се постават темелите за нова историја на мирот, но за жал, продолжи старата историја на спротивставени големи сили. И ние сме сведоци, со актуелната војна во Украина, ја гледаме немоќта на Организацијата на Обединетите народи.
Мигранти и прием
Во своето размислување потоа се врати на појавата на миграцијата и на средбата одржана пред да замине од Малта со бројните мигранти примени во Прифатниот центар Иван XXIII, управуван од 90-годишен Фрањевец, пример за апостолски ентузијазам и љубов кон мигрантите. Папата потсети на сведоштвата што ги слушнал, со кои ги запознал нивните животи, рани, соништа и надежи и истакна дека секој мигрант е единствен, како и секој од нас, тој е личност со свое достоинство, со свои корени; секој од нив е носител на бескрајно богатство поголемо од проблемите што можат да го спречат неговото прифаќање.
Секако дека прифаќањето треба да се организира, тоа е вистина – рече Папата– мора да се управува, а пред тоа, многу порано, да се планира заедно, на меѓународно ниво. Бидејќи појавата на миграција не може да се сведе на вонредна ситуација, тоа е знак на нашето време. Како такво, треба да се чита и толкува. Може да стане знак на конфликт или знак на мир. Зависи како ќе го примиме, зависи од нас.
Осврнувајќи се на она што го направи Малта, Светиот Отец истакна дека овој остров е лабораторија на мирот, која може да го изврши своето послание доколку од своите корени ја црпи лимфата на братството, сочувството, солидарноста. Тоа се вредностите – додаде Папата – кои малтешкиот народ ги доби заедно со Евангелието и кои благодарение на Евангелието ќе можат да ги одржат во живот.
Време е за нова евангелизација
Што се однесува до пасторалниот аспект на неговото апостолско патување, папата Фрањо објасни дека отишол во Малта за да ги закајне нејзините жители во верата и заедништвото, нагласувајќи дека островот е „клучно место од гледна точка на евангелизацијата“. Од нејзините две бискупии излегоа бројни свештеници и монаси, но и верници, кои своите христијански сведоштва ги пренесоа ширум светот, поради што Папата својата посета ја нарече чин на благодарност. Сепак, тој истакна дека и во Малта дува ветерот на секуларизмот и глобализираните псевдокултури засновани на консумеризам, неокапитализам и релативизам, па затоа и таму е време за нова евангелизација.
Посетата на пештерата Свети Павле, во која појдов како и моите претходници, беше како црпење од изворот, со цел Евангелието во Малта да потече со свежина на својот нов почеток и да го оживее големото наследство на народната побожност – рече Светиот Отец. Таа побожност посебно се чувствува во националното богородично светилиште Та ‘Пину на островот Гозо, каде што се одржа интензивна молитвена средба.
Таму го почувствував чукањето на срцето на малтешкиот народ, кој е толку сигурен во својата Света Мајка. Марија секогаш нè враќа на важното, на Христос распнат и воскреснат, на неговата милосрдна љубов. Марија ни помага повторно да го разгориме пламенот на верата, земајќи го огнот на Светиот Дух, кој од колено на колено го поттикнува радосното навестување на Евангелието, зашто радоста на Црквата е да евангелизира! – рече папата Фрањо и на крајот се заблагодари на претседателот на Република Малта, на неговото семејство, на премиерот и на цивилните власти кои му посакаа добредојде, како и на бискупите, на целата заедница, волонтерите и на оние кои го придружуваа во молитвата.
Ватикан њуз/к.мк