На Генералната аудиенција одржана на 26 август во библиотеката на Апостолската палата, папата Фрањо продолжи со серијата катехези за кризата предизвикана од болеста КОВИД – 19, анализирајќи ги сериозните последици од неправедниот економски развој. Општествената праведност и заштитата на целото создание се многу повеќе од потребни, повторно истакна Папата и упати силен апел за бројните деца во светот кој умираат од глад и немаат можност за школување.
Светот е полн со општествена нееднаквост, која што пандемијата уште повеќе ја зголеми и економскиот модел кој често е рамнодушен на штета направена врз нашиот заеднички дом – истакна Папата. Тој ги поттикна христијаните да ги поделат со другите своите добра, дозволувајќи да донесат плод и за другите и при тоа потсети на искуството на првите христијански заедници, кои, иако живееле во тешки времиња, своите добра ги ставале на располагање за сите, свесни дека се едно срце и една душа.
Пандемијата сите нѐ стави во криза. Но, запаметите, од кризата не можеме да излеземе онакви какви што сме биле пред неа. Или сме подобри или полоши. Тоа е нашиот избор – предупреди Папата и праша: Дали после кризата ќе продолжиме со тој економски систем на општествена неправда и презир кон зачувување на животната средина, на сето создание, на нашиот заеднички дом?
Да размислиме – поттикна Папата и посака христијанските заедница во 21 век да ја оживеат таа реалност и така да дадат сведоштво за Господовото воскресение. Грижата за создаденото и општествената праведност, имено одат заедно. Ако се грижиме за добрата кои Создателот ни ги дарува, ако го ставиме на располагање она што го поседуваме, така што на никој да не недостасува, тогаш навистина ќе можеме вдахновени со надеж да го обновиме светот и да го направиме поздрав и поправеден – истакна Папата.
Повеќе пати повтори дека пандемијата ја зголеми нееднаквоста и истакна дека некои деца не можат да продолжат со школувањето, додека за некои тоа е прекинато, некои земји можат да пуштат пари во промет како би се справиле со кризата, додека за другите тоа би значело да се стави иднината под хипотека. Станува збор за симптоми кои покажуваат точно одредена болест. Тие, имено покажуваат општествена болест, тоа е вирус кој доаѓа од болната економија. Треба едноставно да кажеме: Економијата е болна – истакна Папата.
Во денешниот свет малку од оние многу богати, мала група, поседува повеќе од остатокот на целото човештво – забележа Папата и додаде: Станува збор за неправда која вика во небо! Од друга страна пак тој модел на економски раст изгледа рамнодушен на штета направена врз сето создание, со тешки и непоправливи последици како што се губење на биолошката разноликост, климатски промени, уништување на тропските шуми. Дојдени сме до таму да ги поминеме бројните граници од нашата прекрасна планета – предупреди папата Фрањо.
Општествената нееднаквост и уништувањето на животната средина имаат ист корен – рече Папата и објасни: Тоа е грев од желбата за поседување и да господариме над браќата и сестрите, природата и со самиот Бог. Во однос на сето тоа христијаните не смеат да останат неактивни, христијанската надеж имено ја потпира желбата за солидарност со другите. Кога силната желба за поседување и господарење милиони луѓе лишува од основни добра, кога економската и технолошката нееднаквост е толку многу ранлива што го ранува општественото ткиво, и кога зависноста за неограничен материјален напредок се заканува на заедничкиот дом, не можеме да гледаме на тоа мирно – истакна Папата. Со поглед цврсто упатен кон Исус и со сигурност дека неговата љубов делува преку заедницата на Неговите ученици, треба сите заедно да делуваме, со надеж дека ќе создадеме нешто поинакво и подобро.
На Папата посебно на срце му е ситуацијата со децата во светот, за која сведочат статистиките. Колку деца денес умираат од глад поради лошата распределба на богатствата, поради лошиот економски систем и колку деца денес немаат право на школување поради истата причина – рече Папата и додаде: Таа слика на децата кои страдаат од глад и подари неможноста да се школуваат, нека ни помогне да сфатиме дека од оваа криза мораме да излеземе подобри.
Повеќе пати споменувајќи го Катехизмот на Католичката Црква и Книгата Битие, Папата потсети дека Бог му рече на човекот да управува со земјата обработувајќи ја и чувајќи ја. Значи му нема дадено слободни раце од Земјата да прави што сака, затоа што помеѓу нас и природата постои однос на одговорен реципроцитет – рече Светиот Отец. Имено Земјата е дадена на целиот човечки род, и нејзините плодови мора да стигнат до сите, а не само до некои. Треба да бидеме управители на добрата, а не господари – напомена Папата – потсетувајќи на ‘златното правило’ за општествено однесување, истакнато во енцикликата Лаудато си: Подреденост на приватното сопствеништво за општа распределба на добрата.
Накратко, сопственоста и парите се средства кои лесно можат да се претворат во индивидуална или заедничка цел, но со тоа се погодуваат основните човечки вредности. Homo sapiens се изобличува и станува некој ‘homo oeconomicus’ – во лоша смисла станува некоја индивидуалистичка врста, калкулантска и господаречка. Заборавиме, затоа што сме создадени според Божјиот образ и подбие дека сме општествени битија, креативни и солидарни, способни бесконечно да љубиме. Често го забораваме тоа – рече Папата и на крајот истакна дека токму меѓу сите врсти ние сме битија кои сме најподготвени за соработка и да напредуваме во заедницата, како што тоа добро се гледа во искуствата на светците.
Ватикан њуз/к.мк