На Генералната аудиенција во среда по Велигден, 12 април 2023 година, папата Фрањо зборуваше за евангелската ревност која покажува спремност, подготвеност, ревност, не можеме да останеме затворени во канцеларијата, на бирото, да дебатираме како лавови со тастатура во рацете и да ја заменуваме креативноста на навестување со идеи собрани тука и таму. Треба да бидеме ослободени од шемии и отворени за Божјите изненадувања
На плоштадот Свети Петар, кој сè уште е украсен со пролетните бои на холандските цвеќиња кои пристигнаа во Ватикан како украс за прославата на Велигден, папата Фрањо одржа катехеза на Генералната аудиенција во која се осврна на опасноста – во која падна и самиот апостол Павле – дека се впуштаме во ревност насочена во погрешна насока и ги истакна карактеристиките на евангелското навестување кое, напротив, е жив израз на ревност, подготвеност, волја за одење, отвореност кон новостите на Господовото дејствување.
Нема навестување без движење
Цитирајќи го Посланието до Галатјаните, Папата ја истакна разликата помеѓу автентичната евангелска ревност и искривената ревност, „лажниот занес“ кој крие суета и следење на сопствените верувања. Тој потсети дека против ова широко распространето искушение, Павле наведува голем број „оружја“ што треба да се користат во духовната војна; меѓу нив е подготвеноста за ширење на Евангелието. Во исто време, Светиот Отец ја објасни метафората на обувките, земени ги зборовите на пророкот Исаија и зборуваше за опремата на војникот кој за да избегне замки на теренот во битките, мора да има стабилна поддршка.
Евангелскиот жар е поткрепата на која се заснова навестувањето, а веровесниците донекаде се како нозете на телото Христово, што е Црквата. Нема навестување без движење, нема „излегување“ без иницијатива. Тоа значи дека нема христијанин ако не е во движење, не е христијанин ако не излезе од себе да тргне на пат и да го донесе навестувањето. Нема навестување без движење, без одење. Евангелието не се навестува неподвижно, затворено во канцеларија, на биро или на компјутер, водејќи полемики како „лавови со тастатура во рацете“ и заменувајќи ја креативноста на навестувањето со копирање и лепење идеи собрани тука или таму. Евангелието се навестување со движење, одење, во движење.
Веровесникот треба да биде ослободен од шеми
За да предупреди дека навестувањето на Радосната вест е итно потребно, Папата цитираше од Книгата Исход, која зборува за празнувањето на жртвата на пасхалното ослободување, и Посланието до Римјаните, во кое Павле вели: во усрдноста да не сте мрзливи; духот да ви биде пламенен; служете Му на Господа“ (12,11). Тој посебно ги истакна квалитетите на спремност, подготовка, ревност. Сето тоа се квалитети кои тешко се помируваат со негрижата, која е неспоива со љубовта – истакна Папата.
Веровесникот е подготвен да оди и знае дека Господ поминува на изненадувачки начин; затоа треба да се биде ослободен од шеми и подготвен за неочекувани и нови акции. Треба да се биде подготвен за изненадувања. Кој го навестува Евангелието не може да биде скаменет во кафези на веродостојност или дека „отсекогаш така се правело“.
Не пропуштајте можности да навестувате мир
Затоа, папата Фрањо уште еднаш ги охрабри сите целосно да го прифатат стилот на Црква, која излегува. Зашто, како што рече, важно е да се биде подготвен за новоста на евангелието, тој став кој е занес, преземање иницијатива, важно е да се оди прв. На крајот, препорачувајќи да не се пропуштаат можностите да се проповеда евангелието на мирот, мирот што Христос го дава е повеќе и е подобар од оној кој го дава светот, и додаде:
Затоа ве охрабрувам да бидете веровесници кои се во движење, без страв, кои одат напред, да ја донесат убавината на Исус, да ја донесат новоста на Исус кој менува сè. „Да, оче, Тој го менува календарот, зашто сега ги броиме годините почнувајќи од Исус…“ – „Но, Тој го менува и срцето; дали си подготвен да дозволиш Исус да ти го промени срцето? Или си млак христијанин кој не мрда… Размисли малку: дали си полн со занес за Исус, напредуваш ли? Размисли малку…
Ватикан њуз/к.мк