Папата до Теолошкиот факултет во Краков: Ширете ја вистината на Евангелието

Папата до Теолошкиот факултет во Краков: Ширете ја вистината на Евангелието

Теолошкииот факултет на Папскиот универзитет Иван Павле II. во Краков слави 625 години постоење. По тој повод, папата Фрањо испрати порака до големиот канцелар во која го споменува развојот на институцијата основана со булата на Бонифациј IX. Во иднината на овој образовен центар, Папата го гледа патот на историјата и надежта, како и посветеност за сведочење на верата и научното истражување.

Толкувајте ги знаците на времето, храбро прифатете ги новите предизвици за ефективно да ја пренесете вистината на Евангелието до современиот човек и светот – ги охрабри папата Фрањо сите членови на Теолошкиот факултет на Папскиот универзитет Иван Павле II. во Краков, основан пред 625 години. Тоа бил „епохален настан“ – истакна Папата.

На 11 јануари 1397 година, кога  на барање на кралицата Света Хедвига и нејзиниот сопруг Ладислав, и булата „Eximiae devotionis effectus“ од Бонифациј IX, беше основан Теолошкиот факултет на тогашната Краковска академија, а подоцна и Јагелонскиот универзитет, кој и денес живее и продолжува со формацијата, токму како Факултет на Папскиот универзитет Иван Павле II. Тоа е историја од 625 години, долга традиција, за која треба да му благодариме на Бога, бидејќи е обележана со научни и дидактички достигнувања, заедно со духовноста што ја создаваат неговите свети основачи, професори и студенти.

Не заборавајте на традицијата и креирајте ја иднината

Се работи за респектабилна, важна и во исто време напорна историја која не смее да се заборави. Денешното време бара од сите нас да не ја заборавиме традицијата, но во исто време да гледаме на иднината со надеж и да ја создаваме – рече Папата, потсетувајќи дека размислувањето за содржината на Откровението, користејќи класични и современи методи на истражување, е во мотото и посланието на Универзитетот во Краков. Оваа „служба на мислата“, како што ја нарече свети Иван Павле II, е неопходна за обединување на универзитетската заедница со мисијата на Црквата во ширењето на Христовата порака до светот. Притоа, Папата ја охрабри целата факултетска заедница, верна на вековната традиција, да ги чита знаците на времето и храбро да се соочи со новите предизвици за ефикасно да ја пренесе вистината на Евангелието до современиот човек и светот.

Студирање и сведочење – основа за формацијата

Осврнувајќи се на дидактичката активност и формацијата, Папата изрази надеж дека факултетот, покрај научното проучување и потрагата по вистината, ќе може да се послужи и со општественото сведоштво на живеената вера. Стекнувањето знаење треба да се комбинира со промовирање на почит кон секое човечко битие, од љубов кон Бога што го создал и грижа за формација на срцата, отворање кон она што е најважно, она што е трајно и не поминува – рече Папата.

На крајот посебно внимание посвети на младите студенти, нивните соништа и цели. Католичкиот универзитет треба да ги поучи да ги реализираат врз основа на вистината, добрината и убавината, кои имаат извор во Бога – посочи Светиот Отец. Неговата служба и барање на вистината денес и е потребна на Црквата во Полска и светот. Направете го тоа со чувство на одговорност за да бидете верни на вашата мисија: одете и создавајте ученици! – поттикна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот