Гевгелија: Благослов на учениците и децата со посебни потреби

Во недела 6 септември во парохијата Свети Петар и Павле во Гевгелија се служеше света Литургија со благослов на учениците и децата со посебни потреби.

По тој повод на светата Литургија присуствуваа и родителите на децата, а на проповедта о. Димитар Ташев ја нагласи важноста и улогата на родителите околу воспитувањето, својот личен пример и заедничката молитва во семејството.

На крајот од светата Литургија беше измолена молитвата за почетокот на учебната година и присутните деца и ученици примија благослов.

к.мк/о.Д.Т.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот