Почитуван читателу,
Денес обиди се да откриеш на што си наврзан и да го отфрлиш тоа од себе, за да можеш да му направаш место на Бог во твојот живот, во твоето секојдневие, во твојата работа, а Тој ќе те исполни со радост.
Молитва до Светиот Дух
Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.
Размислување
И мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој. Ако ти душо моја, го возвеличиш Господа со твојот ум, со твојата љубов и со твоето звање ти сама ќе се возрадуваш со истата радост која ја исполнила душата на Марија кога ги произнела тие зборови. Таква е радоста и на оние души кои се предаваат на Господ со умот, со љубовта и со служењето на Него. Нивната радост не личи на земната која има за предмет само телесни нешта, т.е. материјални работи, туку се потпира на Бога кој е почекот и крај на секоја радост.
Впрочем, што е мојата душа која се зарадува во Бога и кој е тој Бог? Мојата душа, спасена од Бога се зарадува во Него зашто Тој е нејзиниот Спасител.
Прашања
Му служам ли на Бог со радост? На што сум повеќе наврзан: на земните или духовните богатства?
Подготви: с. Евхаристинки /к.мк