Во Струмица прославен празникот на Евхаристијата

Струмица, 6.7.2013 /к.мк/ – Во четврток 4 јули во капелата на сестрите Евхаристинки во Струмица со света Литургија свечено беше прославен празникот на Пресветата Евхаристија. Светата Литургија ја служеше о. протоереј ставрофор Ѓеорге Трајков заедно со отец Ристо Самраџиски. По завршувањето на светата Литургија во капелата беше изложена Пресветата Причест и верниците имаа можност во текот на целиот ден да присуствуваат на побожноста Обожавање.

Во попладневните часови во капелата на сестрите Евхаристинки имаше можност за света Исповед, а по завршувањето на Светата Бројница следуваше благословот со светата Евхаристија. Прославата на празникот на Пресветата Евхаристија заврши со света Литургија, која ја служеше о. Ѓорги Појразов.

На празникот Пресвета Евахристија претходеше тродневница, која беше составена од Света Литургија, наговор за Светата Евхаристија и Литанија на Предрагоцената крв Христова.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<